Descargar Imprimir esta página

Philips NA120 Manual Del Usuario página 325

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 64
Подготвување домашен помфрит
Чистење
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
-
Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи,
(малку) брашнести компири.
-
Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 500 g
/18 oz за рамномерен резултат. Помфритот во поголеми количини
обично е помалку крцкав од помфритот во помали порции.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња (дебелина од 10x10 mm
/ 0,4x0,4 in).
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за
садови или со хартиена крпа.
4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги
стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат
со масло.
5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со
дупчиња за вишокот масло да остане во садот.
Забелешка
-
Немојте да ја навалувате чинијата за да ги истурите сите стапчиња во
садот одеднаш за вишокот масло да не влезе во садот.
6 Ставете ги стапчињата во садот.
7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ги 2-3 пати за време на
готвењето.
Предупредување
-
Почекајте садот и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат
пред да започнете со чистење.
-
Садот е обложен со нелеплив слој. Немојте да користите метален
кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може
да го оштетат нелепливиот слој.
Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и
маснотиите од дното на садот по секоја употреба.
1 Завртете го регулаторот за тајмерот на 0, извадете го приклучокот од
ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади.
327
Македонски

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Na120/09