Опасност! Ризик од посекотини.
Уред со сечиво во движење. Никогаш
не ставајте ги рацете или нозете
во внатрешноста каде што е
сместен уредот со сечивото.
Внимавајте на уредот со сечивото за
косење. Никогаш не ставајте ги рацете
или нозете во внатрешноста каде што
е сместен уредот со сечивото. Уредот
со сечивото продолжува да се врти и
по исклучување на моторот. Извадете
го безбедносниот клуч (уредот за
дезактивирање) пред одржување.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се
читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети
од соодветен центар или од овластениот сервисер.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги содржи
следните податоци (сл.1.0).
1.
Ниво на акустична моќност.
2.
Ознака за усогласеност со CE.
3.
Година на производство.
4.
Тип на машината.
5.
Сериски број.
6.
Име и адреса на производителот.
7.
Код на производ.
8.
Максимална брзина при работа на моторот.
Тежина во кг.
9.
10. Волтажа и вид напојување.
11. Степен на електрична заштита.
12. Номинална моќност.
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат кога
контактирате со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност
се наоѓа на последната страница во упатството.
3.4
ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните главни делови
коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1.0):
A.
Шасија: куќиште што го содржи
уредот со ротирачкото сечиво.
B.
Мотор: обезбедува движење на
уредот со сечивото и движење на
тркалата (ако е предвидено).
C.
Уред со сечивото: соодветен
елемент за косење на тревата.
D.
Заштита на заден испуст: безбедносен уред
којшто спречува дадени собрани предмети со
сечивото да се отфрлат далеку од машината.
E.
Заштита на страничен испуст (ако
има): безбедносен уред којшто спречува
дадени собрани предмети со сечивото
да се отфрлат далеку од машината.
F.
Дефлектор со страничен испуст (ако
има): покрај функцијата за странично
исфрлање на тревата врз теренот, има и
безбедносен елемент којшто спречува дадени
собрани предмети со уредот со сечивото
да се отфрлат далеку од машината.
G.
Вреќа за собирање: покрај функцијата
за собирање на покосената трева, има и
безбедносен елемент којшто спречува дадени
собрани предмети со уредот со сечивото
да се отфрлат далеку од машината.
H.
Рачка: местото за работа на операторот.
Нејзината должина овозможува операторот
секогаш да го одржува безбедното
растојание од уредот со ротирачкото
сечиво во текот на работата.
I.
Батерија (ако не се доставува со
машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"):
овозможува ел. напојување за палење на
моторот. Нејзините одлики и условите за
употреба се опишани во засебно упатство.
J.
Команда за прекинувачот (Тип I): го пали/
гасне моторот и истовремено го активира/
дезактивира уредот со сечивото.
K.
Рачка за присуство на оператор (Тип
II - Напредни Серии): рачка којашто
овозможува вклучување на уредот со
сечивото и на погонот. Моторот автоматски
се гасне со пуштање на двете рачки.
L.
Рачка за вклучување на погонот
(ако има): е рачка која го активира
преносот за движење на тркалата и
овозможува движење на машината.
M.
Вратичка за пристап до
одделот за батеријата
N.
Безбедносен клуч (уред за
дезактивирање): Клучот го активира /
дезактивира електричното коло на машината.
O.
Полнач за батерија (ако не се доставува
со машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"): уред
што се користи за полнење на батеријата.
4.
МОНТАЖА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт, одредени
компоненти на машината не се монтирани во
фабриката, туку треба да се монтираат по вадење
на амбалажата следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина со
MK - 5