7.
Бавно светкање (секои две секунди):
преостанале околу 15% од автономијата.
8.
Брзо светкање: преостанале
околу 10% од автономијата.
Овие вредности се индикативни и се однесуваат
на нормални услови за косење (пасус 7.2.1).
Кај моделите со ракофат од типот „II"
Кога машината е празна, машината
испушта звучен сигнал и индикаторот за
преостаната наполнетост е на 0%.
Застанете ја машината (пасус 6.5) и наполнете
ја докрај батеријата (пасус 7.2.3).
7.2.3
Исклучување и полнење на батеријата
1. Отворете го капакот за пристап до отворот за
батеријата и извадете го безбедносниот клуч.
2.
Притиснете го крилцето поставено на
страната на отворот за батеријата (сл.29.A)
и извадете ја батеријата (сл.29.B).
3.
Вметнете ја батеријата (сл.29.B) на своето
место во полначот за батеријата (сл.29.C).
4.
Поврзете го полначот на батерии во извор
на ел. енергија со соодветен напон како
оној што е посочен на етикетата.
5.
Секогаш полнете ја до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со
заштита што го прекинува полнењето ако
температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој
момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
7.2.4
Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата од нејзиното место во
полначот за батеријата (избегнете да ја држите
за местото под полначот).
2.
Исклучете го полначот на батеријата
од довод на ел. енергија.
3.
Отворете го капакот за пристап до
просторот за батеријата (сл.30.A), ставете
ја батеријата (сл.30.B) на своето место
притискајќи ја до крај додека не слушнете
звук на кликнување што ја прицврстува на
место и обезбедува електричен контакт.
4.
Затворете ја докрај вратичката.
7.3
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба
следејќи ги следните упатства.
7.3.1
Чистење на машината
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на
моторот и на електричните делови (сл.31.0).
• Не користете абразивни течности
за чистење на куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување,
одржувајте ги тревокосачката и машината,
а особено моторот од остатоци од трева,
листови и прекумерно масло.
Кај моделите со ракофат од типот „II":
Секогаш одржувајте ги рачките, екранот и
копчињата чисти и без остатоци од косењето.
7.3.2
Чистење на плочата со
уредот со сечивото
Отстранете ги остатоците од трева и кал што се
наталожиле од внатрешната страна на куќиштето
за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии
при подоцнежно палење заради исушување.
Закосете ја машината на страна и проверете
дали машината е стабилна пред да
направите каква било интервенција.
Во случај на страничен испуст: треба
да го извадите дефлекторот на испустот
(ако е поставен - пасус 6.1.2d.).
Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да
отпадне заради абразивното дејство на покосената
трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате
со премачкување лак против 'рѓосување за да се
спречи создавање 'рѓа која го кородира металот.
7.3.3
Чистење на вреќата
1. Испразнете ја вреќата за собирање.
2.
Протресете ја за да ги исчистете
остатоците од тревата и земјата.
3.
Исперете и исплакнете ја и
оставете ја да се исуши бргу.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
Одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е секогаш безбедна за работа.
7.5
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
Елементот со филтерот треба секогаш да се
одржува правилно и добро исчистен и треба
да се замени ако е изабен или оштетен.
Постапете како што следи:
1.
Исчистете ја зоната околу решетката
на филтерот за воздух.
2.
Извадете ја решетката (сл.32.A)
одвртувајќи ги шрафовите (сл.32.B).
Извадете го елементот со филтерот (сл.33.A).
3.
4.
Издувајте го филтерот за да ги отстраните
нечистотијата и остатоците. Ако на него
остане нечистотија (сл.33.A), исперете го
филтерот со вода и исушете го со чиста крпа.
MK - 12