наменета.
b) Не користете ја машината ако прекинувачот не
може правилно да се вклучи и исклучи. Секоја
машина која не може да се контролира со помош на
приклучок е опасна и мора да се поправи.
c) Исклучете ја машината од струја и/или
извадете го комплетот со батерии од машината,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или да ги складирате машините. Со
овие превентивни безбедносни мерки се намалува
опасноста од случајно вклучување на машината.
d) Складирајте ги машините во мирување надвор
од дофатот на деца и не им допуштајте работа
со машината на лица кои не се запознаени со
неа или кои го немаат прочитано ова упатство
за ракување со машината. Машините се опасни
доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги машините и дополнителната
опрема. Проверете дали има изместување
или заглавување на подвижните делови, дали
некои делови се скршени или се во некоја друга
состојба што влијае врз работата на машината.
Ако е оштетена, однесете ја машината на
поправка пред да ја користите. Многу несреќи се
случуваат заради неодржувани машини.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно се
контролираат.
g) Машината, дополнителната опрема, работните
алати итн., треба да ги користите според овие
упатства, земајќи ги во предвид работните
услови и работата која треба да се заврши.
Употребата на машината за работи што се поинакви
од нејзината намена може да доведе до опасна
ситуација.
h) Одржувајте ги дршките и површините за
фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив.
Дршките и површините за држење што се лизгаат
не овозможуваат безбедно ракување и контрола на
машината во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНА НА БАТЕРИИ И ГРИЖА
ЗА НЕА
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
други батерии.
b) Користете ги машините само со посебно
назначени батерии. Користењето на било кои други
батерии може да доведе до опасност од повреда и
пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
навртки или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или
машина којашто е оштетена или изменета.
Оштетените или изменетите батерии можат да
реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар,
експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или
машината на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или машината
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Машината сервисирајте ја кај квалификувано
лице кое користи само идентични резервни
делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување
на машината.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ПОТКАСТРУВАЊЕ
a) Делови од телото не смеат да дојдат близу синџирот
на пилата додека пилата за поткастрување работи.
Пред да ја стартувате пилата за поткастрување,
уверете се дека синџирот на пилата не допира
ништо. Момент на невнимание додека работите
со пилите за поткастрување може да предизвика
заплеткување на вашата облека или тело со
синџирот на пилата.
b) Секогаш држете ја пилата за поткастрување со
едната рака на рачката за управување, а со другата
рака поддржувајте ја пилата одозгора.
c) Држете ја пилата за поткастрување само на
изолираните површини за држење затоа што
синџирот на пилата може да дојде во контакт
со скриени жици. Ако синџирите на пилата
дојдат во контакт со жица под напон, може да ги
електрифицираат металните делови на пилата за
поткастрување и да предизвикаат струен удар кај
операторот.
d) Носете заштитни очила. Се препорачува
дополнителна заштитна опрема за уши, глава, раце,
нозе и стапала. Соодветната заштитна опрема ќе ја
намали личната повреда од летечки остатоци или од
случаен контакт со синџирот на пилата.
e) Не ја користете пилата за поткастрување на дрво,
на скала, од покрив, или било каква нестабилна
поддршка. Користењето на пила за поткастрување
на овој начин може да доведе до сериозна лична
повреда.
f) Секогаш одржувајте соодветно стојалиште кога
180