Descargar Imprimir esta página

Skil 0512 Manual Original página 184

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 61
- ослободете го притисокот за сечење при крајот на
сечењето без да го олбавувате вашиот зафат на
рачките на пилата за поткастрување
- не дозволувајте контакт на синџирот со земјата
Кастрење l
Кастрење претставува отстранување на гранките од
паднато дрво.
- кога кастрите, оставете ги поголемите гранки како
потпора на трупецот над земјата
- употребете ја пилата за поткастрување да ги
отстраните малите гранки со еден засек како што е
прикажано на сликата
! бидете исклучително претпазливи и
избегнувајте допир со трупецот или другите
гранки со врвот на водечкиот лост за да
избегнете повратен удар
! пилата не е погодна за сечење од дното нагоре
бидејќи нејзиниот штитник за повратен удар не
смее да се крева за време на работата
! никогаш не користете го за да ги исечете
потпорните гранки, кои се под напнатост
Поткастрување z
Поткастрување е отсекување на гранките од
несоборено дрво.
- позиционирајте ја пилата на агол од 60° или
помалку, во зависност од специфичната ситуација
- најпрво отстранете ги долгите гранки
- прво исечете ги пониските гранки за да направите
повеќе место за паѓање на горните гранки
- работете полека, цврсто држејќи ја пилата со двете
раце. Одржувајте цврст став и рамнотежа
- додека ги поткаструвате гранките дрвото нека
биде помеѓу Вас и пилата. Сечете од страната на
дрвото која е спротивна на гранката која ја сечете
! не сечете качени на скалило. Оставете ги
таквите активности за професионалци.
! немојте да сечете до самиот раб на главната
гранка или трупот додека не сте отсекле
доволен дел од гранката за да ја намалите
тежината.
! не ја употребувајте пилата за поткастрување за
соборување
! не работете на растојание помало од 15м од
водови над глава
! држете ги другите лица на растојание од
најмалку 15м
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Оваа машина не е наменета за професионална
употреба
! пред да извршите какво било одржување,
транспортирање или складирање, запрете го
моторот и извадете ја батеријата од машината
! секогаш користете ракавици кога работите со
лостот и синџирот
! никогаш не допирајте го или прилагодувајте го
синџирот додека работи моторот
Секогаш одржувајте ја машината чиста
- по секоја употреба, исчистете ги остатоците
од синџирот и водечкиот лост со мека четка.
Избришете ја површината на пилата за
поткастрување со чиста крпа натопена со благ
раствор од сапун.
- извадете ја страничната заштита, а потоа
користете мека четка за да ги отстраните
остатоците од водечкиот лост, синџирот на пилата,
запчаникот и страничната заштита.
- секогаш чистете ги дрвените струготини,
прашината од пилата и нечистотијата од жлебот
на водечкиот лост кога го заменувате синџирот на
пилата.
Редовно проверувајте дали има очигледни дефекти
како разлабавени, изместени или оштетени синџир
и водилка на синџирот, разлабавени стеги и изабени
или оштетени делови
Спроведете ги неопходните постапки за одржување
и поправка пред да работите со пилата за
поткастрување
Никогаш не го острете синџирот на пилата самите.
Oднесете го синџирот на пилата да биде стручно
наострен кај овластен SKIL сервис.
Доколку машината и покрај внимателното работење
и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- испратете ја машината нерасклопена, заедно
со сметкопотврдата до вашиот продавач или
најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и
сервисниот дијаграм на машината се наведени на
www.skil.com)
! пред враќање, резервоарот со масло мора да
се испразни целосно
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со машината не е опфатено со гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
Транспорт
- исчистете го производот
- закачете ја футролата за синџирот на водечкиот
лост и синџирот
- секогаш носете го производот за неговата дршка
- заштитете го производот од силен удар или силни
вибрации што може да се појават при транспорт во
возила
- прицврстете го производот за да спречите лизгање
или паѓање
Чување x
- исчистете го производот и закачете ја футролата на
синџирот на водечкиот лост и синџирот
- ако пилата за поткастрување се складира на
подолг период, исчистете ги синџирот и лостот за
синџирот
- исчистете го производот и испразнете го
резервоарот за масло
- закачете ја јамката на куката R на основата на
шината за лесно складирање Q и цврсто поставете
ја шината Q на ѕид со 2 шрафа (не се доставуваат)
и порамнете хоризонтално
- чувајте го производот и неговите додатоци
на темно, суво место, без мраз, кое е добро
проветрено
- секогаш чувајте го производот на место кое е
недостапно за деца. Идеалното складирање е под
собна температура.
- чувајте ја подалеку од корозивни агенси како што
се градинарски хемикалии и соли за одмрзнување
184

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

0512ca