Descargar Imprimir esta página

Skil 0512 Manual Original página 181

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 61
работите со пилата за поткастрување, стоејќи само
на фиксна, безбедна и рамна површина. Лизгавите
или нестабилни површини може да предизвикаат да
ја загубите рамнотежата или контролата врз пилата
за поткастрување.
g) Кога сечете гранка што е под тензија, внимавајте
да не отскокне. Кога ќе се ослободи тензијата во
влакната на дрвото, гранката како пружина може
да го удри операторот и/или да ја исфрли пилата за
поткастрување надвор од контрола.
h) Бидете крајно претпазливи при сечење грмушки и
фиданки. Синџирот на пилата може да го зафати
тенкиот материјал и да го фрли кон вас или да ве
исфрли од рамнотежата.
i)
Носете ја пилата за поткастрување исклучена
и подалеку од своето тело. Секогаш ставајте го
капакот на водечкиот лост кога ја пренесувате или
одложувате пилата за поткастрување. Правилното
ракување со пилата за поткастрување ќе ја намали
можноста од случаен контакт со синџирот на пилата
кога тој се движи.
j)
Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот или за менување на лостот
и синџирот. Неправилно затегнат или подмачкан
синџир може или да се скине или да ја зголеми
можноста од повратен удар.
k) Сечете само дрво. Не користете ја пилата за
поткастрување за цели за коишто не е наменета. На
пример: не ја користете пилата за поткастрување за
сечење метал, пластика, ѕидани конструкции или
градежни материјали што не се од дрво. Употребата
на пилата за поткастрување за работи коишто се
поинакви од нејзината намена може да доведе до
опасна ситуација.
l)
Оваа пила за поткастрување не е наменета
за соборување дрвја. Употребата на пилата за
поткастрување за работи коишто се поинакви од
нејзината намена може да доведе до сериозна
повреда на ракувачот или минувачите.
m) Следете ги сите упатства при расчистување
на заглавениот материјал, складирање или
сервисирање на пилата за поткастрување.
Осигурајте се дека прекинувачот е исклучен и
батериите се отстранети.
Причини за повратен удар и заштита на операторот:
a) Повратниот удар може да се појави кога носот или
врвот на водечкиот лост ќе допре до предмет или
кога ќе се заглави дрво и ќе го зафати синџирот на
пилата при сечењето.
b) Контактот на врвот во некои случаи може да
предизвика неочекувана повратна реакција со што
водечкиот лост ќе се отфрли нагоре и наназад кон
операторот.
c) Заглавувањето на синџирот на пилата вдолж врвот
на водечкиот лост може да го потисне водечкиот
лост неочекувано наназад кон операторот.
d) Секоја од овие реакции може да предизвика да
загубите контрола над пилата со синџир и може
да доведе до сериозна лична повреда. Не се
потпирајте исклучиво на безбедносните уреди
вградени во вашата пила. Како корисник на пила за
поткастрување треба да преземете неколку чекори
за да спречите несреќа или повреда при вашите
активности за сечење.
e) Повратниот удар произлегува како резултат
од неправилно ракување и/или неправилни
процедури или услови при работата со пилата за
поткастрување, и може да се избегне со преземање
на соодветни мерки на претпазливост кои се
наведени во понатамошниот текст:
- Одржувајте цврст зафат со палците и прстите кои
ја опфаќаат дршката на пилата за поткастрување,
со двете раце на пилата и поставете ги телото и
раката на тој начин со којшто ќе си овозможите да
ја издржите силата на повратниот удар. Ракувачот
може да ги контролира реакциите од силата на
повратниот удар ако ги преземе неопходните
безбедносни мерки. Не ја испуштајте пилата за
поткастрување.
- Немојте посегнувајте преку одредената граница
и не сечете над висината на рамото. Ова помага
да се спречи несаканиот контакт со врвот и
овозможува подобра контрола на пилата за
поткастрување во неочекувани ситуации.
- Користете само резервни водечки лостови
и синџири определени од производителот.
Неправилната замена на водечките лостови и
синџирите за пила може да предизвикаат кршење
и/или повратен удар на пилата.
- Следете ги упатствата на производителот за
острење и одржување на синџирот на пилата.
Намалувањето на висината на мерачот на
длабочина може да доведе до посилен повратен
удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ЛИЧНА ЗАШТИТА
Не го допирајте ротирачкиот синџир
Секогаш користете одобрена лична заштитна
опрема, со тоа се намалува опасноста од повреда
од фрлање наоколу на сечен материјал и случајно
допирање на синџирот на пилата:
- Безбедносна кацига, кога постои опасност од
паѓање на гранки или слично
- Заштита на слухот
- Заштитни очила или маска за лице
- Ракавици со заштита од пила
- Панталони со заштита од пила
- Безбедносни чизми со заштита од пила, челични
прсти и ѓон што не се лизга
Не ракувајте со пила за поткастрување во
близина на други луѓе, деца или животни
Не ракувајте со пила за поткастрување по пиење
алкохол или под дејство на опојни дроги или лекови
Осигурете се дека децата не си играат со алатот
ПО УПОТРЕБА
Секогаш исклучете ја машината и извадете ја
батеријата
- кога ја оставате машината без надзор.
- пред чистење на заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на машината
- по удирање во стран предмет
- секогаш кога машината ќе почне невообичаено да
вибрира
Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
181

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

0512ca