Descargar Imprimir esta página

Cybex Platinum ANORIS T2 i-SIZE Guia Del Usuario página 137

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 43
Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 10 години.
Седиштето на возилото е изложено на големо оптоварување за време
на рокот на траење, што води до промени во квалитетот на неговите
материјали со тек на врее.
Само отстранливата навлака на седиштето за автомобил може да се пере
во машина.
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете агресивни средства за чистење
или белила!
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали
користењето седишта за автомобил може да остави дамки и/или да
предизвика бледнеење. За да го спречите ова, можете да ставите ќебе,
крпа или сличен предмет под седиштето за автомобил за да го заштитите
седиштето на возилото.
Седиштето за автомобил е опремено со интегриран систем со воздушно
перниче. Исто така е тестирано и одобрено без активен систем на
воздушни перничиња.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P.) (1)
Заштитна лента на батерија (2)
Оддел за батерија (3)
Потпорна ногалка (4)
Екрански панел (5)
Копчиња за отпуштање ISOFIX (6)
Рачки за заклучување ISOFIX (7)
Точки за закотвување ISOFIX (8)
Индикатори ISOFIX (9)
Копче за приспособување на
потпорна ногалка (10)
Индикатор на потпорна ногалка (11)
Наслон за глава (12)
Рачка за приспособување на
наслонот за глава (13)
Рачка за приспособување на
позиција (14)
Штитник (15)
Копче за приспособување (16)
Закопчувалка (17)
Јазиче за закопчување (18)
Копче за проверка (19)
Индикатор на штитник (20)
Индикатор на батерија (21)
Копче за заклучување на L.S.P. (22)
Оддел за упатството за употреба (23)
ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ
Линеарната странична заштита од удари (L.S.P) (1) се отвора автоматски
кога го вадите седиштето за автомобил од пакувањето. Бидете сигурни дека
линеарната странична заштита од удари (L.S.P) насочена кон вратата на
возилото е во целосно отворена позиција пред да почнете да возите.
Пред првата употреба, заштитната лента на батерија (2) мора да се отстрани
од одделот за батерија (3) во долниот дел на седиштето за автомобил.
Штом ќе почнете да го монтирате седиштето за автомобил, ќе слушнете
предупредувачки звук кога потпорната ногалка (4) ќе се монтира правилно.
Ако сте почнале со монтирање, но не слушате предупредувачки звук или не
светат визуелните индикатори на екранскиот панел (5), мора да ги замените
батериите.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Ова е подобрен систем за врзување деца i-Size. Одобрен е во согласност
со Регулативата на ОН бр. R129/03 за употреба во седечки позиции во
возило компатибилно со i-Size, како што е назначено од производителите на
возилото во нивните прирачници за корисник на возило. Ако возилото нема
седечка позиција i-Size, проверете го список со типови возила за да видите
дали е дозволено да го користите.
Може да ја добиете најновата верзија од списокот со типови од
go.cybex-online.com/anoris-t2-isize-car-compatibility.
Ако возилото не е опремено со ISOFIX, седиштето за автомобил не може да
се употребува.
Ако во возилото нема доволно простор, може да ја затворите линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.).
Нема гаранција дека сите седечки и лежечки позиции може да се
употребуваат во сите одобрени возила.
��
Заради безбедност и удобност, ви препорачуваме да го користите
седиштето за автомобил зад седиштето на предниот патник.
MK
133

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

523001071523001075523001063