Descargar Imprimir esta página

Cybex Platinum ANORIS T2 i-SIZE Guia Del Usuario página 139

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 43
5. Повлечете го штитникот (15) за да проверите дали закопчувалката (17) се
заклучила правилно.
6. Притиснете го копчето за приспособување (16) и турнете го штитникот
(15) кон детето. Штитникот (15) мора да биде добро прицврстен кај
телото и карлицата на детето.
��
Секојпат кога го врзувате детето, треба да проверите дали штитникот е
поставен правилно и да ги затегнете каишите за приспособување.
Пред да го почнете патувањето проверете дали сите индикатори на
екранскиот панел (5) се зелени со притискање на копчето за проверка (19).
ИНФОРМАЦИИ И УПАТСТВА ЗА ВОЗДУШНОТО ПЕРНИЧЕ
Воздушното перниче на седиштето за автомобил се наоѓа во штитникот и
дава дополнителна сигурност во случај на сообраќајна несреќа.
Со цел воздушното перниче на седиштето за автомобил да биде активно,
мора да се исполнуваат следните услови:
нивото на батеријата е задоволувачко,
седиштето за автомобил е монтирано правилно и штитникот е закопчан,
сите индикатори на екранскиот панел светат со ЗЕЛЕНА боја.
УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИЈА
Во зависност од траењето на батеријата и начините на користење, може
да биде неопходно да ги замените батериите. Ако батериите се празни,
воздушното перниче, индикаторите и предупредувачките сигнали не
се активни.
Предупредувачкиот сигнал покажува дека батериите мора да се заменат.
За да ги замените батериите, треба да го отворите одделот за батерии (3)
со соодветен алат. Откако ќе ги замените батериите, мора повторно да го
затворите одделот. Индикаторот на батерија на екранскиот панел ќе светне
со ЗЕЛЕНА боја. Sve aktuelne informacije o odlaganju u vašoj zemlji možete
pronaći na go.cybex-online.com/anoris-t2-isize-disposal.
Користете го само препорачаниот тип батерии CR17450 (3V DC).
Внимавајте да не ги ставите обратно позитивните и негативните полови
на батериите.
Користете само исти и нови неоштетени батерии.
Секогаш отстранувајте ги празните батерии.
Сите батерии треба да се чуваат надвор од дофат на деца.
Не полнете ги батериите.
Не изложувајте ги батериите на силни удари.
Никогаш не изложувајте го овој производ или батериите на оган.
Не чувајте ги батериите во топла и влажна средина.
Не расклопувајте ги батериите. Не предизвикувајте краток спој на
батериите.
Отстранете ги батериите ако планирате да не ги користите
подолго време.
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ СИГНАЛИ
Индикаторите на екранскиот панел (5) се активираат штом барем една рачка
за заклучување ISOFIX се поврзува со возилото. Внимавајте на следните
предупредувачки сигнали:
Неправилно монтирање на Рачките за
заклучување ISOFIX
Двете рачки за заклучување ISOFIX мора да се
прицврстат правилно.
Неправилно монтирање на потпорната ногалка
Потпорната ногалка мора да биде целосно протегната и
правилно потпрена врз подот.
Штитникот не е закопчан
Проверете дали јазичето за закопчување е закопчано.
Неправилна работа
Завршете го патувањето како што сте планирале и потоа
контактирајте со застапникот или со производителот.
Нивото на батериите е < 30%
Батериите треба да се заменат наскоро.
Нивото на батериите е < 10%
Батериите мора да се заменат што е можно побргу
��
За да го проверите тековниот статус на индикаторите, притиснете го
копчето за проверка.
MK
135

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

523001071523001075523001063