ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Напон на батерија
Брзина без оптоварување, Мала брзина
Брзина без оптоварување, Голема брзина
Должина на засек
заб проред
Капацитет на сечење
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah ... 12,0 Ah)
Тежина без батерија
Тежина на батерија (M18B2 ... M18HB12)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени
согласно стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности
(векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
Вибрација на предна рачка
Вибрација на задна рачка
Технички податоци и одобрувања на апликациските апарати за употреба на различни погонски единици можете да најдете во
упатствата за работа на употребениот апликациски апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да предизвика
електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА НОЖИЦИ ЗА ЖИВА
ОГРАДА
Не ги користите ножиците за жива ограда во лоши
временски услови, особено кога постои опасност од гром.
На тој начин го намалувате ризикот да удар од гром.
Чувајте ги сите кабли за напојување подалеку од резните
површини. Кабли за напојување, скриени под жива ограда и
грмушки, можат да бидат фатени од ножевите.
Да се носи заштита за слухот. Соодветната заштитна опрема
го намалува ризикот од оштетување на слухот.
Ножиците за жива ограда секогаш да се држат за
изолираните дршки, со што сте заштитени ако ножот дојде
126
M18 FOPH-SHTA
Xеџ тример
5030 60 01 XXXXXX MJJJJ
18 V
0-2800 min
-1
0-3500 min
-1
508 mm
25 mm
19 mm
5,5 kg ... 6,6 kg
5,1 kg
0,43 kg ... 1,49 kg
-18...+50 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
80,2 dB(A) / 3 dB(A)
95,6 dB(A) / 3 dB(A)
2,64 m/s
2
/ 1,5 m/s
2,64 m/s
/ 1,5 m/s
2
во контакт со скриени жици. По контакт со кабел под напон,
металните делови на ножиците за жива ограда стануваат живи и
можат да предизвикаат струен удар на ракувачот.
Чувајте ги деловите од телото подалеку од ножевите. Не
го отстранувајте исечениот или материјалот кој се сече додека
работат ножевите. Ножевите продолжуваат да ротираат дури
и после исклучување на уредот. Дури и краток момент на
невнимание за време на работа може да доведе до сериозни
повреди.
Пред да ги отстраните остатоците од сечењето или пред
да работите на одржување на уредот, уверете се дека сите
прекинувачи се исклучени и дека батеријата е отстранета.
Случајното активирање на ножиците за жива ограда, при
отстранување на остатоци од сечењето или во текот на
одржувањето може да резултира со сериозни повреди.
Носете ги ножиците за жива ограда за рачката за носење,
кога ножевите се во мирување и внимавајте со прстите да
не го допрете прекинувачот. Соодветното носење со ножиците
за жива ограда го намалува ризикот од повреда при случајно
вклучување на ножот.
МАКЕДОНСКИ
При транспортирање или складирање на ножиците за
жива ограда, секогаш да го поставувате браникот на ножот.
Соодветното ракување со ножиците за жива ограда го намалува
ризикот од повреда со ножевите.
Кога работите над глава, секогаш да носите заштита за
главата. Деловите кои паѓаат можат да предизвикаат сериозни
повреди.
Продолжените ножици за жива ограда секогаш да ги држите
со двете раце. Продолжените ножици за жива ограда држете ги
со двете раце, за да не ја изгубите контролата врз уредот.
За да избегнете ризик од електричен удар, никогаш да не
ги користите продолжените ножици за жива огарада во
близина на далноводи. Контактот со далновод или близина на
далновод може да предизвика сериозни повреди или смрт.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена телесна,
сензорска или душевна способност или недостаток на искуство
и знаења или лице, кои што не се запознаени со упатството за
употреба, да ја користат оваа машина. Локалните прописи може
да ја ограничат возраста на операторот.
Чистете го работното подрачје пред секое користење на
алатката. Отстранете ги сите предмети како на пример камења,
срчи, шајки, жици или врвки, кои што може да бидат исфрлени
или заглавени во уредот за сечење.
Проверете ја живата ограда да нема страни објекти, како
жичана ограда.
Никогаш да не го користите уредот во близина на столбови,
2
огради, згради или други неподвижни објекти.
2
Обрнете внимание на предметите кои може да бидат исфрлени
наоколу. Сите набљудувачи, деца и домашни миленичиња да
се наоѓаат на растојание од најмалку 15 метри од работното
подрачје.
Да не работите на слаба светлина. Операторот побарува
чист поглед на работното подрачје за идентификување на
потенцијалните опасности.
Прегледајте го производот пред секое користење. Проверете
дали затворачите или другите делови се добро прицврстени.
Осигурајте се дали заштитните механизми или рачките се
уредно и сигурно прицврстени. Пред употребата заменети
ги сите оштетени делови. Проверете дали батеријата ќе се
испразни.
Да не се модифицира производот на било кој начин.
Да не им се дозволи на деца или на необучени лица да го
користат производот.
Додека ракувате со производот, користете заштита за очи и уши.
Додека работите во подрачја каде што постои опасност од пад
на објекти, мора де користите соодветна заштита за главата.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над должината
на рамениците, за да спречите косата да се закачи на
подвижните делови од машината.
Немојте да ракувате со производот ако сте уморни или болни
односно ако сте под влијание на алкохол, дроги или лекови.
Секогаш обезбедете сигурна подлога и одржувајте рамнотежа.
Избегнувајте преголемо наведнување. Преголемо наведнување
може да доведе до губење на рамнотежа.
Секогаш движете се цврсто и стабилно и ракувајте со тримерот
за жива ограда само кога стоите на цврсто, безбедно и рамно
тло. Лизгавиот терен или нестабилните површини, како скали,
може да доведат до губење рамнотежа или контрола над
тримерот за жива ограда.
Пред да го стартувате уредот, проверете ги ножевите да не
допираат во ништо.
Осигурајте се дека цврсто ја држите алатката за двете рачки,
дека имате рамнотежа и дека тежината на телото е подеднакво
распоредена на двете стапала. Производителот препорачува да
не се користат скали. Користете продолжна алатка ако треба са
сечете на поголеми висини.
Ножевите се многу остри и може да предизвикаат повреди дури
и во мирување. Носете заштитни ракавици кои не се лизгаат и
кои се отпорни на абење. Прстите и другите делови од телото
држете ги подалеку од ножот за сечење. Немојте да ги допирате
ножевите ако батеријата се наоѓа во алатката!
Не сечите низ густа грмушка со примена на сила. Тоа може да
предизвика блокирање на ножот и забавување. Ако ножот треба
да се забави, намалете ја работната брзина.
Не обидувајте се да сечете трупци или гранки со дијаметар
поголем од 19 mm. Истото важи и за стебла или гранки кои се
очигледно преголеми за да се вклопат меѓу ножевите.
Користете рачна или пила за гранки без мотор, за да сечете
големи гранки и стебла. Носењето на заштита за слухот ја
намалува вашата способност за слушање на предупредувања
(предупредувања или извици). Корисникот треба целосно да се
концентрира на работниот простор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако машината падне, претрпи тежок
удар или почне да вибрира ненормално, веднаш запрете
ја машината и проверете за штета или идентификувајте ја
причината за вибрацијата. Секое оштетување треба соодветно
да се поправи или замени од страна на сервисната служба на
MILWAUKEE.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој производ е наменет само за употреба на отворено. Од
безбедносни причини производот секогаш треба да се држи и
управува со двете раце.
Овој производ е развиен за употреба во домаќинството.
Наменет е за сечење на жива ограда, грмушки и слични
растенија.
Треба да се користи во сува, добро осветлена средина.
Алатката не е наменета за сечење на трева, дрва или гранки,
Не треба да се користи за други цели, освен за сечење на жива
ограда.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
МАКЕДОНСКИ
127