Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FOPH-SHTA Manual Original página 65

Ocultar thumbs Ver también para M18 FOPH-SHTA:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 22
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
128
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
Запрете ја машината, отстранете ја батеријата, истуркајте го
осигурувачот на ножевите и оставете ја машината да се излади
пред да ја складирате или транспортирате.
Отстранете ги сите страни тела од производот. Складирајте
го производот на суво и добро проветрено место, до кое
децата немаат пристап. Производот да се чува подалеку од
кородирачки материи, како што се градинарсктеи хемикалии и
солите за одмрзнување. Да не се складира на отворено.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против движење
или паѓање за да спречите повреда на лица или оштетување на
машината.
ОДРЖУВАЊЕ
После секое користење исчистете го куќиштето и дршките, со
мека, сува крпа.
Чистете ги ножевите после секоја употреба, со тврда четка,
а потоа внимателно нанесете масло, како заштита од
корозија, пред повторно да ја поставите заштитата на ножот.
Производителот препорачува користење на анти корозивен
спреј и распрскувачки средства за подмачкување, за да се
обезбеди подеднакво нанесување и да се намали ризикот
од повреда при контакт со сечила. За погодни производи за
прскање, контактирајте ја службата за корисници на Milwaukee
(погледнете во брошурата за гаранција/служба за корисници).
Доколку сакате, пред секое користење може да ги подмачкате
ножевите на горенаведениот начин.
Осигурајте се дека сите мутери, клинови и штрафови се цврсти
за да биде гарантирана безбедна состојба на работење на
градинарскиот апарат.
Проверете го градинарскиот апарат и заменете ги заради
причини на безбедност изабените или оштетените делови.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
МАКЕДОНСКИ
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата
за употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Секогаш носете заштитна облека и цврсти чевли.
Носете заштита за главата!
Внимание – Одржувајте доволно безбедно
растојание од електричните водови.
Чувајте ги рацете настрана од алатот за сечење и
други подвижни делови. Прстите можат да влезат
во механизмот за сечење и да бидат исечени или
повреден.
За да спречите тешки повреди, немојте да ги
допирате ножевите за сечење.
Не го употребувајте кога врне ниту пак оставајте го
во тој случај надвор.
На оваа плочка гарантираното ниво на звучна
моќност изнесува 99 dB.
99
Ôд без оптоварување во минута (ôд/min)
n
XXX min
-1
0
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема како
несортиран комунален отпад. Отпадните батерии
и отпадната електрична и електронска опрема
мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место за
собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
129

Publicidad

loading