•
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за
автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообраќајна
несреќа, ве молиме да го замените седиштето за автомобил. Ако се
двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.
•
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
•
На некои седишта на возилото изработени од чувствителни материјали,
користењето може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За
да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или сличен предмет под
седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото.
•
Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 8 години.
Седиштето на возилото е изложено на големо оптоварување за време
на рокот на траење, што води до промени во квалитетот на неговите
материјали со минување на времето.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
Влошка за новороденче (1)
(достапна одделно)
Индикатор на големина (2)
Потпорна ногарка (3)
Копчиња за отпуштање ISOFIX (4)
Рачки за заклучување ISOFIX (5)
Точки за закотвување ISOFIX (6)
Индикатор ISOFIX (7)
Копче за приспособување на
потпорна ногалка (8)
Индикатор на потпорна ногалка (9)
Индикатор за закочување на
седиште (10)
Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P.) (11)
L.S.P. Оперативно копче (12)
Наслон за глава (13)
Рачка за приспособување на
наслонот за глава (14)
Рачка за приспособување на
позиција (15)
Копче за приспособување на
каиш (16)
Каиш за рамо (17)
Закопчувалка (18)
Јазиче за закопчување (19)
Скутни каиши (20)
Централен каиш за
приспособување (21)
Оддел за упатството за употреба (22)
РАЗЛИЧНИ НАМЕНИ НА СЕДИШТЕТО
61 – 105 cm,
approx. 3 M – approx. 4 Y
max. 18 kg
Влошката за новороденче (1) може да се купи како одделен дододаток и
може да се употребува кога детето ќе достигне должина од 45 см. Треба
да се отстрани ако вашето дете е повисоко од 60 см. Индикаторот на
големина (2) ја покажува големината што мора да ја достигне детето пред
да смеете да го користите седиштето за автомобил завртено нанапред.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Ова е подобрен систем за врзување деца i-Size. Одобрен е во согласност
со Регулативата на ОН бр. R129/03 за употреба во седечки позиции во
возило компатибилно со i-Size, како што е назначено од производителите
на возилото во нивните прирачници за корисник на возило. Ако вашето
возило нема седечка позиција i-Size, проверете го приложениот Список
со типови возила. Можете да ја добиете најновата верзија од Списокот со
типови од www.cybex-online.com.
МОНТИРАЊЕ ВО ВОЗИЛОТО
Секогаш треба да бидете сигурни дека...
•
наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција.
•
кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко
седиште, седиштето на возилото е приспособено што е можно
поназад.
1. О тклопете на Потпорната ногарка (3) сè додека не се заклучи во
најоддалечената позиција.
2. О слободете ги копчињата за откочување ISOFIX (4) за да ги издолжите
рачките за заклучување ISOFIX (5) на двете страни.
Копчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостојно,
со што им се дозволува на Рачките за заклучување ISOFIX да се
приспособат независно.
76 – 105 cm,
> 15 M – approx. 4 Y
max. 18 kg
MK
123