Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FDGRB Manual Original página 58

Ocultar thumbs Ver también para M18 FDGRB:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 15
создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на
гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
k) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
l) Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои алатот за сечење
можат да дојдат во контакт со скриени жици. Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници од металните
делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
m) Aлатот секогаш држете го цврсто во рацете при
стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот,
додека забрзува со полна брзина, може да предизвика алатката
да се изврти.
n) Секогаш кога е практично, користете стегалки за
прицврстување на обработуваното парче. Никогаш не
држете мало обработувано парче во едната рака, а алатот
во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите малото
обработувано парче, тоа ќе Ви овозможи да ги користите рацете
за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал, како
што се шипки со типли или цевки, имаат тенденција да се вртат
додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се
извитка или да излета кон Вас.
o) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието
за применување не е дојдено во потполно мирување.
Електро-алатот што се врти може да дојде во контакт со
површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја
изгубите контролата над електро-алатот.
p) Откако ќе смените бургија или ќе направите било
какво дотерување, проверете дали стезната чаура,
стезната глава или кој и да е друг дел за подесување е
безбедно процврстен. Лабавите делови за подесување
можат неочекувано да се слизнат и да предизвикаат губење
на контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе
бидат исфрлени.
q) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку
случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може
да навлезе во вашето тело.
r) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
s) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат
од искри.
t) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратен удар е ненадејна реакција поради блокирана
или заглавена ротирачка шајбна, брусна шајбна, четка
или некој друг прибор. Заглавувањето или блокирањето
предизвикува брзо придушување на ротирачкиот прибор,
кое, пак, предизвикува неконтролираната електрична
алатка да биде присилена во правец спротивен од
правецот на вртење на приборот.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење
што навлегува во материјалот, може да се закачи и на
тој начин да дојде до излегување на дискот или да се
предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за
брусење се движи или кон операторот или настрана од
него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката
на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто
така и да се скршат.
114
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што
се опишани подолу.
a) Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело
и рацете нека Ви бидат во положба во која ќе можете
да им се спротивставите на силите на повратниот удар.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот
удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на
претпазливост.
b) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
c) Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите
орудија за примена честопати предизвикуваат повратен
удар или губење на котролата врз електро-орудието.
d) Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот
правец како остриот крај којшто излегува од материјалот
(кое е во истиот правец во кој паѓаат отпадните иверки). Ако
алатот врти во погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот крај
од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече алатот во овој
правец.
e) Кога користите ротирачки турпии, секогаш безбедно
прицврстете ја работата. Овие шајбни ќе се заглават доколку
се ставени лабаво во жлебот и може да дојде до повратен удар.
Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ќе
се скрши. Кога ротационата турпија, високобрзинскиот секач
или секачот од волфрам или од тврд метал ќе се заглават, тие
можат да излетаат од жлебот, а Вие може да изгубите контрола
над алатката.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот
електричен алат и само за намени коишто се препорачани.
На пример: немојте да брусите со бочната страна од
брусната шајбна. Дисковите за делење се наменети за
отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на
странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши
истите.
b) За навојни абразивни конуси и приклучоци користете
само неоштетени шајбни со осовинки со необработени
прирабници кои се со исправна големина и должина.
Исправните осовинки ќе ја намалат веројатноста од кршење.
c) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен
удар или за кршење на телото за брусење.
d) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск
за делење. Доколку дискот за делење го движите во
материјалот за обработка во насока подалеку од себе, во
случај на повратен удар електро-алатот со дискот што се
врти, може да се насочи директно кон вас.
e) Кога дискот е приклештен, скинат или кога прекинувате
сечење поради некоја причина, исклучете го алатот на
струја и држете го неподвижно сè додека дискот не запре
целосно. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете дискот
од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до
повратен удар. Истражете и преземете поправни дејства за да
се отстрани причината за приклештување или кинење на дискот.
f) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот
може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или
да предизвика повратен удар.
g) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар како
резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за
обработка може да свијат како последица на својата тежина.
МАКЕДОНСКИ
Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на
работ.
h) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Користете сигурносна опрема. Секогаш носете заштита за очи.
Сигурносната опрема како маска против прашина, сигурносни
чевли кои не се лизгаат, шлем, или заштита за ушите, користени
во конкретни услови ќе ги намалат вашите повреди. Никогаш
не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина. Прашината и струготините не смеат да се
одстрануваат додека е машината работи.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бучава може да
предизвика губење на слухот.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може
да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на
работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
- при ракување со алатката
- при ставање на апаратот на страна.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да
го загрозат здравјето (на пр. азбест).
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона
на искрење). Не користете издув за прав.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вистинските глодачи се погодни за глодање дрво, метал,
пластика или слични материјали, особено на тешко
достапни места и агли.
Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција..
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба..
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте го акумулаторот на температура под 27°C и подалеку
од влага
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
МАКЕДОНСКИ
115

Publicidad

loading