Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив.
Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши функцијата на вградените
заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ
ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
u
персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
u
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
u
При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе
u
пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух
и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече
u
запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку
течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
u
одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се
прегрее.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
u
клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој
u
начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Bosch Power Tools
Македонски | 347
1 609 92A 92B | (17.11.2023)