Работење со литиум-јонски батериски пакет
Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет
За промена на батериите одн. NiMH-акумулаторските батерии на литиум-јонскиот
батериски пакет (12) притиснете го заклучувањето (15) на преградата за батерии.
Извадете го поклопецот на преградата за батерии (16) и вметнатите батерии одн.
акумулаторските батерии.
Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (12) и заклучете го механизмот за
заклучување (11).
За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (12) притиснете на механизмот
за заклучување (11) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот
алат.
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет
За полнење, користете го препорачаниот USB-мрежен напојувач или USB-
u
мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги
исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци". Притоа
внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач.
Препорачан мрежен напојувач: види „Технички податоци".
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да
u
одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот
напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Полнете ја батеријата преку USB-приклучок само на амбиентални
u
температури помеѓу +10 °C и +35 °C. Полнењето надвор од температурниот
опсег може да ја оштети батеријата или да го зголеми ризикот од пожар.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани
меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (13). Поврзете го USB-приклучокот
во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (10). Поврзете го USB-мрежниот
напојувач во струја.
Индикатор за промена на
боја (14)
Жолта
Зелена
Bosch Power Tools
Значење
Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно
наполнет.
Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.
Македонски | 353
1 609 92A 92B | (17.11.2023)