Држете го мерниот уред само на предвидени површини за држење (8) за да
u
не влијае на мерењето.
Во полето на сензорот (17) на задната страна на мерниот уред не лепете
u
налепници или знаци. Особено знаците од метал влијаат врз мерните резултати.
Не носете ракавици за време на мерењето и обезбедете соодветно
заземјување. Несоодветното заземјување може да го наруши
препознавањето на струјни кабли.
За време на мерењето, избегнувајте да бидете во близина на уреди
кои испуштаат силни електрични, магнетни или електромагнетни
полиња, како што се мобилни телефони, лаптопи или таблети. Доколку
е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие
зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете полето на сензорот (17) да не
u
е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа.
Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики,
u
оставете го да се прилагоди на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (7).
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (7).
Доколку околу 5 мин. не се притисне копче на мерниот уред и не се откриени
никакви предмети, мерниот уред автоматски се исклучува.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето за сигнален тон (6) може да го вклучите и исклучите сигналниот тон. При
исклучен сигнален тон, на екранот се појавува приказот за статус за сигнален
тон (c).
Функционалност (види слика B)
Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (17) во мерна
насока A до максималната длабочина на регистрирање.
При секое мерење автоматски се пребаруваат метални предмети (на пр. бакарна
цевка или армиран челик) и струјни кабли (50–60 Hz). За потврда свети копчето за
метал/струја (4).
Bosch Power Tools
Македонски | 355
1 609 92A 92B | (17.11.2023)