ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
високофреквентна моќност
Верзија блутут
макс. номинална брзина
D = дискови за сечење - макс. Дијаметар
d = дискови за сечење - дијаметар на дупки
b=Дебелина на плочата за сечење макс.
Тип на дискови:
зајакнати дискови за сечење или дијамантски дискови за сечење
Максимална длабочина на сечење
Макс. притисок на довод на вода
Тежина според EPTA-процедура 01/2014 (3,0 Ah... 12,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на
трите насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 60745 и може да се
користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се
одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може
значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат
топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства, инструкции,
илустрации и спецификации за овој електричен алат. Недоследно почитување на
подолу наведените упатства можe да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАШИНАТА ЗА СЕЧЕЊЕ
a) Употребете го електро-орудието само со заштитниот поклопец кој е дел од
пратката. Заштитниот поклопец мора да биде уредно нанесен на електро-
орудието и да биде подесен така што ќе се постигне највисока мерка на
безбедност односно најмалиот дел од разделната плоча да покажува отворено
према лицето кое што го опслужува. Заштитниот поклопец треба да го заштити
лицето кое што ракува со ова од парчиња кои што би се скршиле и од случаен
контакт со разделната плоча.
b) Користете само сврзани и зајакнати дискови или дијамантски дискови за
сечење за вашата електрична алатка. Само затоа што некој додаток може да се
прицврсти на вашата електрична алатка, тоа не гарантира безбедно работење.
c) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку
висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да излета.
d) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за препорачаните можности
за употреба. На пример: никогаш не брусење со страничната површина од
диск за делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал
со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може да
ги скрши истите.
e) Секогаш употребувајте неоштетени прирабници за стегање со точен дијаметар
за дисковите за сечење што сте ги одбрале. Соодветните прирабници го
126
MXF COS350G2
MXF COS350RG2
Рачен циркулар
4974 87 01 XXXXXX MJJJJ 4974 97 01 XXXXXX MJJJJ
2402-2480 MHz
2402-2480 MHz
1.8 dBm
4.0 BT signal mode
4.0 BT signal mode
5370 min
-1
350 mm
20 mm / 1"
5 mm
125 mm
4 bar / 60 psi
11,5 ... 14,9 kg
-18...+50 °C
MXF CP203, MXF HD812, MXF XC406, MXF XC608
MXFC, MXFPS, MXFSC
114,3 dB(A) / 3 dB(A)
114,3 dB(A) / 3 dB(A)
125,3 dB(A) / 3 dB(A)
125,3 dB(A) / 3 dB(A)
3,04 m/s
2
/ 1,5 m/s
2
3,04 m/s
заштитуваат дискот за сечење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на
дискот за сечење.
f) Не употребувајте искористени дискови за брусење од поголеми електро-алати.
Дисковите за брусење за поголеми електро-алати не се погодни за повисоките
броеви на вртежи кај помалите електро-алати и можат да се скршат.
g) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да соодветствуваат
со податоците за димензиите на вашиот електро-алат.
Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени или
контролирани.
h) Големината на отворот на дисковите за сечење и прирабниците мора точно да
одговараат на оската на електричниот алат.Дисковите за сечење и прирабниците
со отвори на дисковите што не одговараат на металните делови за монтажа на
електричниот алат нема да имаат рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и може да
предизвикаат губење на контролата.
i) Не користете оштетени дискови за сечење.Пред секоја употреба, проверете дали
дисковите за сечење имаат пукнатини или оштетувања.Ако електричниот алат
или дискот за сечење ви паднат, проверете дали се оштетени или монтирајте
неоштетен диск за сечење.По проверката и монтажата на дискот за сечење, вие и
набљудувачите застанете подалеку од рамнината на ротирачкиот диск за сечење
и вклучете го електричниот алат со максимална брзина без оптоварување за една
минута. Оштетените дискови за сечење обично се кршат за време на тестирањето.
j) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна
визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно,
носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици
или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од
шлајфувањето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои
настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора
МАКЕДОНСКИ
да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго
време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
Рачен циркулар
k) Држете ги присутните лица на безбедно растојание од работниот простор.
Лицата што се задржуваат во работното подрачје мора да носат лична
заштитна опрема. Парчиња од материјалите за работа или откршени парчиња од
1.8 dBm
пукнати дискови за сечење може да се разлетаат во околината и да предизвикаат
повреди.
l) При работа, каде што елементот за брусење може да влезе во контакт
5370 min
-1
со покриени кабли под напон, секогаш држете ја електричната алатка за
350 mm
изолираните површини на дршките. При контакт со кабел под напон, металните
20 mm / 1"
делови на електричниот алат доаѓаат под напон и можат да предизвикаат струен
удар на лицето што ракува со нив.
5 mm
m) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за применување не
е дојдено во потполно мирување. Орудието за примена кое што се врти може
да дојде во контакт со подлогата за оставање со што би можеле да ја изгубите
контролата врз електро-орудието.
125 mm
n) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може
да биде закачена преку случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може
4 bar / 60 psi
да навлезе во вашето тело.
11,5 ... 14,9 kg
o) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат.
Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо насобирање на
метална прашина може да предизвика електрични опасности.
p) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што горат.
Таквите материјали можат да се запалат од искри.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или
блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје за брусење, четка
со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно стопирање
на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во
спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на спојување.
2
/ 1,5 m/s
2
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот, работ
на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин
да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај
дискот за брусење се движи или кон операторот или настрана од него, зависно од
насоката на вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на
електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како
што се опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце
во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар.
Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да
имате максимална можна контрола над силите од повратниот удар или на
моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили
со преземање соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор што се врти.
Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот се движи во
случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на
движење на дискот за брусење на местото за спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте
ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за
обработка.
Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон
заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или повратен удар.
e) Не прикачувајте синџир за пила, сечило за резбарење дрво, сегментиран
дијамантски диск со периферно растојание поголемо од 10 мм или сечило за
пила со запци. Таквите сечила создаваат чести повратни удари и губење на
контролата.
f) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и не нанесувајте прекумерен притисок.
Не обидувајте се да направите премногу длабок засек. Преоптоварувањето на
дискот за сечење го зголемува оптоварувањето и подложноста на искривување
или заглавување на дискот за сечење во засекот и можност за повратен удар
или кршење на дискот за сечење.
g) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со работа,
исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè додека дискот не постигне
состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете дискот
од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до повратен удар.
Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето.
h) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот се наоѓа во
материјалот за обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот број на
вртежи, пред внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот може
да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен
удар.
i) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за да го намалите
ризикот од повратен удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на својата тежина.
Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во
близина на засекот за делење така и на работ.
j) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во постоечки ѕидови или
други подрачја каде што се нема увид. Дискот што навлегува може да предизвика
повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
На почетокот на обработката, секогаш ставете го дискот за сечење полека во работното
парче. Полека ставете го дискот за сечење и за време на сечењето го не поместувајте со
нагли движeња. Секогаш туркајте ја машината нанадвор од себе.
При сечењето, секогаш цврсто држете ја машината. Не форсирајте го рачниот циркулар
низ работното парче. Ако примените преголем притисок може да предизвикате повратен
удар. Редовно чистете ги отворите за вентилирање и капаците од прав предизвикана
од работата.
На крајот од сечењето, секогаш почекајте дискот целосно да престане да се врти.
Никогаш не вадете го рачниот циркулар од засекот ако тој сè уште се врти.
По прекин, односно пред почнување на ново сечење или при промена на насоката на
сечење, секогаш прво почекајте целосно да престане дискот за сечење да се врти. При
повторно поставување на рачниот циркулар, центрирајте го дискот за сечење во засекот
и повлечете го неколку сантиметри од работ на сечење. Притиснете го прекинувачот и
полека ставете го дискот за сечење во засекот.
Ако рачниот циркулар се блокира, веднаш ослободете го прекинувачот и цврсто држете
ја машината. Пред повторно вклучување, отстранете ја причината за блокирањето.
Ако се блокира дискот, веднаш исклучете ја машината! Не вклучувајте ја машината
повторно додека дискот за сечење е сè уште блокиран. Во спротивно, може да има силен
повратен удар. Отстранете ја причината за блокирањето и внимавајте на безбедносните
упатства.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето (на
пр. азбест).
При сечење метали доаѓа до појава на искри. Внимавајте на тоа, да не бидат загрозени
луѓе. Поради опасноста од пожар, во близина не смеат да се наоѓаат запаливи
материјали (подрачје на искри). Не употребувајте уреди за всмукување прашина.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исклучете
ја машината со цел да ја најдете причината за нив.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-
ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини! Дискот и работниот дел ќе се вжештат
при употребата. Носете ракавици кога ги менувате дисковите или го допирате работниот
дел. Дланките нека ви бидат постојано настрана од делот што го брусите.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
За полнење на MFX заменливите батерии се користат само MXF полначи. Не користете
заменливи батерии од други системи.
Никогаш не ги кршете батериите и полначите и чувајте ги само во суви простории.
Заштитете од влага.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
МАКЕДОНСКИ
127