OBJ_BUCH-3181-006.book Page 276 Thursday, April 12, 2018 9:20 AM
276 | Македонски
25 Целна табла за ласерот*
26 Ласерски очила*
27 Статив*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Елементи на приказот (избор)
a Редови со резултат
b Целен приказ (означувач)
c Приказ на агол на закосување
d Датум/Време
e Рефрентно ниво на мерењето
f Статус на поврзувањето
Bluetooth® не е активиран
Bluetooth® активиран, воспоставена врска
g Приказ за наполнетоста на батеријата
h Редови со измерената вредност
i Подесувања (меко копче)
j Избрана мерна функција
k Внатрешна меморија (меко копче)
l Интегрирана помошна функција (меко копче)
m Назад (меко копче)
n Стартен екран (меко копче)
o Подесувања на уредот
Прво ставање во употреба
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонскиот акумулатор што се користи
за Вашиот мерен уред.
Употребата на уреди за полнење од други
производители може да доведе до дефекти на
мерниот уред; исто така висок напон (на пр. 12 V) од
полнач за кола не е наменет за полнење на овој
мерен уред. Непочитувањето ќе ја поништи
гаранцијата.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да обезбедите максимален капацитет на батеријата, пред
првата употреба наполнете ја целосно.
Напомена: Микро-USB конекторот 16 за приклучување
на микро-USB-кабел 22 се наоѓа под капакот на мерната
игла 8. За отворање на капакот притиснете го копчето за
отворање 7.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
1 609 92A 4F4 | (12.4.18)
Доколку долниот сегмент на приказот за наполнетост на
батеријата трепка g, може да се извршат уште неколку
мерења. Наполнете ја батеријата.
Доколку рамката околу сегментите на приказот за
наполнетост на батерија трепка g, повеќе не се возможни
мерења. Мерниот уред може да се користи уште кратко
(напр. за да ги проверите внесовите во листата на
измерени вредности). Наполнете ја батеријата.
Поврзете го мерниот уред со помош на испорачаниот
микро-USB-кабел 22 со уредот за полнење 23. Вметнете
го уредот за полнење 23 во приклучницата. Постапката на
полнење започнува.
Приказот за наполнетост на батерија g го покажува
напредокот на полнењето. За време на процесот на
полнење сегментите трепкаат еден по друг. Доколку се
прикажат сите сегменти на приказот за наполнетост на
батеријата g, батеријата е целосно наполнета.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од
струја.
Дополнително може да ја наполните батеријата преку
USB-порта. Притоа, приклучете го мерниот уред со микро-
USB-кабел на USB-порта. За време на работата преку USB
(полнење, пренос на податоци) може да дојде до
значително зголемување на времето на полнење.
Мерниот уред не може да се користи самостојно за време
на процесот на полнење.
Bluetooth® се исклучува за време на процесот на полнење.
Постоечките врски со другите уреди ќе се прекинат.
Притоа, податоците може да се изгубат.
Заштитете го полначот од влага!
Напомени за оптимално користење на батериите во
мерниот уред
Складирајте го мерниот уред само во дозволените
граници на температура, види „Технички податоци". Не го
оставајте мерниот уред на пр. во автомобилот летно
време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени од страна на
сервисната служба на Bosch.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или температурни осцилации. Напр. не
го оставајте долго време во автомобилот. При големи
температурни осцилации, оставете го мерниот уред
прво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или
Bosch Power Tools