Држете ја машината малку закосена на тој на-
чин што понискиот дел од макарата со конецот да
не го допира теренот и линијата на сечење да се
наоѓа на саканата точка одржувајќи го секогаш
уредот за сечење подалеку од корисникот.
в) Сечење во близина на ограничувања / те-
мели (сл. 15)
Приближете ја полека макарата со конецот до
ѕидовите, надѕидоците, карпите, оградите, итн.
без примена на сила.
Ако конецот се навитка околу некоја тврда пре-
прека може да се скине или потроши; ако продол-
жите, ќе направите дупка во оградата, може да
наравите неправилно поткастрување.
Во секој случај, сечење во близина на ѕидови, те-
мели, огради и сл. може да предизвика користење
на конецот што не се смета за нормално.
г) Сечење околу дрвја (сл. 16)
Движете се околу дрвото од лево кон дес-
но, пристапувајќи внимателно кон стеблото и
внимавајќи конецот да не се заплетка околу дрво-
то со тоа што ќе ја држите макарата со конецот
малку закривена нанапред.
Имајте предвид дека најлонскиот конец мо-
же да скине или оштети мали жбунови и дека
заплеткувањето на најлонскиот конец околу сте-
блото на жбуновите или дрвјата со нежна кора мо-
же да го уништи растението.
д) Регулација на должината на конецот при
работа (сл. 17)
Оваа машина е опремена со една макара
„Потчукни и продолжи" (Tap & Go).
За да ослободите конец, потчукнете ја макара-
та со конецот наспроти теренот кога моторот е
во максимална брзина; конецот автоматски се
ослободува и маказите ја отсекуваат непотреб-
ната должина.
4.3.4 Сечиво за пила (ако има) (сл. 18)
ВНИМАНИЕ!
За користење, каде што е до-
зволено, на сечивото за пила треба да се по-
стави секогаш соодветна заштита. Сечивото
треба секогаш да биде добро закачено за да се
намали ризикот од противудар.
ВНИМАНИЕ!
Во случај на сечење на мали
дрвја, предвидете го правецот на паѓање на
исеченото дрво, имајќи го во предвид и праве-
цот на дување на ветерот.
За да се постигне добар резултат при сечење ма-
ли дрвја, потребно е сечењето да се изведе со
брзо движење кон гранката или стеблото, а мото-
рот да е ставен во максимален број вртежи.
Избегнувајте работа од десна страна на ножот
бидејќи во оваа зона постои голем ризик од про-
тивудар или заглавување на сечивото имајќи ја
предвид ротацијата.
4.4 ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТАТА
За завршување со работа:
– ИСКЛУЧЕТЕ ЈА МАШИНАТА како што е прет-
ходно посочено (видете 3.3).
– Почекајте да се смири уредот за сечење и по-
ставете ја заштитата за сечивото.
5. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
Правилно одржување е основно за обезбедување
ефикасно темпо и безбедност на оригиналните
делови на машината.
ВНИМАНИЕ!
При операции на одржување:
– отстранете го капачето на свеќичката,
– п роверете дали моторот е соодветно изла-
ден,
– к ористете заштитни ракавици кога извршу-
вате операции со сечивата,
– с екогаш нека се поставени заштитите за се-
чивата дури и при интервенција на самото
сечиво,
– н е фрлајте наоколу масло, бензин и други
какви било материјали.
5.1 ЗАШТИТА
По завршување со работа, исчистете ја вни-
мателно машината од прашина и остатоци,
ВНИМАВАЈЌИ ПРИ ТОА ДА НЕМА ОШТЕТЕНИ
ДЕЛОВИ, ЗАМЕНЕТЕ ГИ ОШТЕТЕНИТЕ ДЕЛОВИ.
Машината треба да се конзервира на суво место,
засолнето од надворешните временски прилики
со правилно поставена заштита.
5.2 ЧИСТЕЊЕ НА МОТОРОТ И НА ПРИДУШУ-
ВАЧОТ
За да се намали ризикот од искрење, честопати
чистете ги крилцата на цилиндарот со компреси-
ран воздух и ослободете ја зоната на придушува-
чот од остатоци при пилење, гранчиња, ливчиња
и други работи.
5.3 ГРУПА ЗА ПАЛЕЊЕ
За да се избегне прегревање и оштетување на мо-
торот, решетките за проток на воздух за ладење
11