3. Проверка на филтерот за воздух во масло
Внимание! Не обидувајте се да го запалите
моторот без филтер за воздух или ако моторот
многу често работи.
- Отшрафете ја навртката со крилца и
извадете го капакот за филтерот (видете
слика 4А)
- Дополнете масло до посоченото ниво (вид на
масло: SAE 15W-40).
Figure 4A
(2) Регулација на моторниот плуг
1. Регулација на ракофатите:
Забелешка: Пред да ја регулирате висината на ракофатите:
поставете ја машината хоризонтално на рамна површина за
да избегнете случајно паѓање.
- Разлабавете го регулаторот за ракофатите и изберете го
отворот за соодветната позиција. Регулирајте го лостот на
вкрстување на ракофатите до висината на половината на
операторот, потоа свртете го регулаторот и затегнете го
(видете сл. 5)
2. Регулација на длабочината на орање
- Регулирајте ја висината на плочата за длабочина за да ја
одредите длабочината на орањето. Спуштете ја рачката за
да ја зголемите длабочината и подигнете ја рачката за да ја
намалите (видете сли. 6).
3. Регулација и употреба на куплунгот
Забелешка: намалете ја брзината на моторот пред да го
користите куплунгот.
- Со активирање и отпуштање на куплунгот, операторот може да ја контролира моќноста на
моторот.
- Кога операторот ја држи рачката за куплунгот притисната, тој се активира, пренесува
напојување кон моторот на моторниот плуг и фрезите почнуваат да се вртат (видете сл. 7).
7