- Кога операторот ќе ја пушти рачката за куплунгот, тој се дезактивира и нема напојување
кон моторот на моторниот плуг и фрезите престануваат да се вртат (видете сл. 8).
Забелешка: несоодветната регулација на кабелот за куплунгот ја попречува нормалната
употреба на производот.
- Прво проверете го затегнувањето на рачката за куплунгот. Нормално, рачката треба да
има простор за движење од 4-8 мм. Ако ова не е случај, разлабавете ја навртката за
фиксирање на регулаторот за рачката. Затегнете ја навртката за фиксирање по
регулацијата.
- Ако е неопходно, операторот може да го запали моторот за да провери дали куплунгот се
активира и исклучува правилно.
4. Регулација на затегнатоста на ременот
Внимание! Ременот мора да биде прилагоден на назначен сервисен
- Држете ја притисната рачката за куплунгот и подигнете го чекркот за да го затегнете
ременот. Соодветно затегнатиот ремен има растојание меѓу 60 и 65 мм (видете сл. 10)
- Треба да го регулирате ременот ако затегнатоста не е во ограничувањата на нормалното
затегнување. Прво, разлабавете ги четирите навртки на моторот, потоа, ако ременот е
лабав, потурнете го моторот напред, а ако е многу затегнат, туркајте го моторот назад сè
додека затегнатоста на моторот не влезе во зададените ограничувања. На крај, затегнете ги
навртките на моторот и на плочата за поврзување.
- Разлабавете ги навртките на картерот за ременот и притискајќи ја рачката за куплунгот,
регулирајте го просторот меѓу картерот и ременот како што е покажано на сликите.
5. Регулација на рачката за забрзување
- нормална брзина: 1800±100 вртежи/мин, зголемена брзина: 3300±50 вртежи/мин. Брзината
мора да се регулира со помош на противтежа.
- Режим за контрола на регулацијата на брзината
8