Wilo Rexa UNI Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 396

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 86
mk
НАПОМЕНА
Замена на моторот за време на работата
Ако моторот е непотопен додека работа,
придржувајте се до податоците за „Работен
режим непотопено"! Со цел да се загарантира
потребното ладење на моторот за време на
континуирана работа, целосно потопете го
моторот пред повторно да го вклучите!
▪ Работната просторија/местото на поставување треба
да биде:
– Чисто и да нема големи предмети
– Суво
– Без мраз
– Деконтаминирано
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни
гасови или гасови што може да предизвикаат
загушување!
▪ Употребувајте ја рачката за подигнување, спуштање
или транспортирање на пумпата. Никогаш не влечете
ја или не носете ја пумпата за кабелот за струја!
▪ Мора да постои можност за безбедно монтирање.
Местото на складирање, како и работната
просторија/местото на поставување мора да бидат
достапни со помош на опрема за подигнување.
Местото на поставување мора да има цврста основа.
▪ Товарот треба да биде закачен со стремен за рачката
за подигнување. Употребувајте само опрема за
подигнување дозволена за градежништво.
▪ Поставените водови за снабдување со струја треба
да овозможат безбедна работа. Проверете дали
пресекот на кабелот и неговата должина се доволни
за избраниот тип на поставување.
▪ Кога користите приклучни табли, мора да внимавате
на соодветната IP-класа. Приклучната табла треба да
биде обезбедена од преплавување и да е
инсталирана надвор од подрачјето во кое постои
опасност од експлозија!
▪ Не дозволувајте во транспортираниот медум да
влезе воздух, употребувајте лимена или друг вид
преграда. Транспортираниот воздух може да се
насобере во цевководот и да предизвика
недозволени работни услови. Отстранете ги
меурчињата воздух преку уредите за вентилација!
▪ Забрането е пумпата да работи на суво! Не
дозволувајте да навлегуваат меурчиња воздух во
хидрауличното куќиште или во цевководот. Никогаш
не дозволувајте нивото на водата да биде под
396
Инсталација и електрично поврзување
дозволеното. Се препорачува инсталација на заштита
од работа на суво!
6.4.1
Напомени околу работењето на двојна пумпа
Кога се употребуваат повеќе пумпи во една работна
просторија, мора да постои минимално растојание
меѓу пумпите и ѕидот. Растојанијата зависат од видот
на постројката: Наизменична или паралелна работа.
Fig. 3: Минимално растојание
d
Дијаметар на хидраулично куќиште
Минимално растојание од ѕидот:
A
- Наизменична работа: мин. 0,3×d
1
- Паралелна работа: мин. 1×d
Растојание на притисочните линии
A
- Наизменична работа: мин. 1,5×d
2
- Паралелна работа: мин. 2×d
6.4.2
Известување за комбинирана прирабница DN 50/65
Rexa UNI V06... е опремена со комбинирана
прирабница DN 50/65. Навртките се фабрички
нагодени на комбинирана прирабница DN 65. За
употреба на прирабница DN 50, навртките се
поставуваат на прирабница. Прирабницата може во
секое време да се подеси на DN 65!
Fig. 4: Приспособување комбинирана прирабница
Не е монтирана опрема на прирабница.
Навртката е пристапна.
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido