Интервали На Одржување При Отежнати Услови; Мерки За Одржување - Wilo Rexa UNI Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 86
mk
9.4.2
Интервали на одржување за примена кај постројка
за одведување на отпадна вода
При примена на пумпата кај постројка за одведување
на отпадна вода во згради или куќии, интервалите на
одржување и мерките се согласно DIN EN 12056‑4!
9.4.3
Интервали на одржување при отежнати услови
Доколку работните услови се тешки, дадените
интервали на одржување треба да се скратат.
Отежнување на условите има во случаи на:
▪ Транспортирани медиуми со долговлакнести
состојки
▪ Турбулентен проток (пр. поради навлезен воздух,
кавитација)
▪ Транспортирани медиуми со силен корозивен или
абразивен ефект
▪ Транспортирани медиуми со многу гасови
▪ Работа на неповолно место
▪ Зголемување на притисокот
Ако ја употребувате пумпата во отежнати услови, се
препорачува одредување и договарање на процесот
на одржување. Обратете се кај службата за односи
со корисниците.
9.5
Мерки за одржување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работното коло и вшмукателната наставка
имаат остри рабови!
Може да има остри рабови на работното коло и
вшмукателната наставка. Постои опасност од
исекување на рацете! Треба да носите заштитни
ракавици за да се заштитите од исеченици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете, нозете или очите
поради заштитна опрема што паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се
работи. Носете ја следната заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од
исекотини
• Заштитни чевли
• Затворени заштитни очила
Пред да почнете со спроведување на мерките за
одржување, треба да ги исполните следните
предуслови:
▪ Пумпата да биде изладена на температура на
околината.
408
Сервисирање
▪ Пумпата да биде темелно исчистена и (ако е
потребно) дезинфицирана.
9.5.1
Препорачани мерки за одржување
За работата да биде непречена, се препорачува
редовна контрола на потрошувачката на струја и на
работниот напон за сите три фази. При нормална
работа овие вредности не се менуваат. Можни се
лесни вибрации во зависност од својствата на
медиумот. Потрошувачката на струја може да биде
индикатор за предвремено препознавање и
отстранување на оштетувања или грешки во
функциите на работното коло, лежиштето или
моторот. Поголемите варијации на напонот ја
оптоваруваат намотката на моторот и можат да
предизвикаат расипување на пумпата. Редовната
контрола може да помогне да се избегнат големи
оштетувања како последица, а исто така опаѓа и
ризикот за тотално расипување на пумпата. За да
можете да правите редовна проверка, се
препорачува да употребите опрема за далечинско
надгледување.
9.5.2
Визуелна проверка на кабелот за поврзување
Проверете го кабелот за поврзување за:
▪ Набабрувања
▪ Пукнатини
▪ Гребаници
▪ Разлабавеност
▪ Нагмеченост
Кога ќе утврдите оштетување на кабелот за
поврзување, вендаш отстранете ја пумпата од
употреба! Заменете го кабелот за поврзување со
помош на службата за односи со корисниците.
Можете да ја вратите пумпата во работа откако ќе се
отстрани штетата од страна на стручно лице!
ВНИМАНИТЕЛНО! Во пумпата може да навлезе вода
поради оштетен кабел за поврзување!
Навлегувањето вода може води кон тотално
расипување на пумпата.
9.5.3
Визуелна проверка на опрема
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради
нишања
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат
поправени или опремата да биде заменета.
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido