Чистење И Дезинфицирање - Wilo Rexa UNI Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 86
mk
8.4.3
Чистење и дезинфицирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребувала со медиуми опасни
по здравјето, постои ризик по животот!
Деконтаминирајте ја пумпата пред да продолжите
да ја користите! Носете ја следната заштитна
опрема кога ја чистите:
• затворени заштитни очила
• Маска за дишење
• Заштитни ракавици
⇒ Дадената опрема е минимален услов, затоа
внимавајте на податоците за работните
правила! Раководителот мора да се осигури
дека персоналот се придржува и ги разбира
работните правила!
Пумпа е демонтирана.
Загадената вода за чистење треба да се испушти во
канализација за отпадна вода.
На располагање имате средство за дезинфекција за
контаминирани пумпи.
1. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката
на подигнување на пумпата.
2. Подигнете ја пумпата од подот околу 30 cm (10 in).
3. Испрскајте ја пумпата со чиста вода од горе до доле.
НАПОМЕНА! Треба да употребите соодветно
средство за дезинфекција во случај на
контаминирана пумпа! Строго следете ги
податоците за употреба од производителот!
4. Пуштете млаз вода во пумпата преку притисочната
наставка за да го исчистите работното коло и
просторот на пумпата.
5. Исплакнете ја сета нечистотија во каналот.
6. Оставете пумпата да се исуши.
За целосно да се испразни куќиштето на пумпата,
оставете ја пумпата да отстои 5 минути на самото
место. Насочете ја притисочната наставка кон долу.
8.4.3.1 Чистење на внатрешната просторија на
хидрауликата
Демонтирајте ја основната плоча на хидрауликата со
цел поедноставно чистење на просторот на
хидрауликата.
406
Отстранување од употреба
1
Fig. 10: Демонтирање на основната плоча
1
Сигурносни шрафови
2
Основна плоча
1. Поставете ја пумпата хоризонтално на цврста
подлога. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
нагмечување на дланките. Осигурете се дека
пумпата не може да падне или да се излизга!
2. Одвртете ги сигурносните шрафови (шестоаголна
глава 4) на основната плоча за половина додека не
почне да се одвртува бајонет спојката.
3. Основната плоча е прицврстена со бајонет спојка.
Одвртете ја основната плоча во насока на часовникот
(кон десно) и отстранете ја.
4. Исплакнете ја внатрешноста на просторот на
хидрауликата со чиста вода и отстранете ги цврстите
материи со раце. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! На работното
коло може да има остри рабови. Може да си ги
исечете екстремитетите! Носете заштитни
ракавици против исекотини!
5. Проверете дали О-прстенот е правилно поставен на
основната плоча.
6. Намачкајте го O-прстенот со маст за него и поставете
ја основната плоча на хидрауликата.
7. Завртете ја основната плоча спротивно од
часовникот (кон лево). Основната плоча се
прицврстува со помош на бајонет спојката.
8. Завртете ги сигурносните шрафови на основна плоча.
Макс. вртежен момент: 1,5 Nm (1,1 ft·lb)!
▶ Хидрауликата е исчистена и затворена, чистењето е
завршено.
2
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido