Grundfos NB Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 783

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 187
8.5 Цевководи
8.5.1 Поставување цевки
При поставувањето на цевките, внимавајте
куќиштето на цевката да не биде напрегнато од
цевките.
Доводните и одводните цевки мора да бидат со
соодветна големина, земајќи го предвид
притисокот на доводот на пумпата.
Поставете ги цевките на тој начин што ќе се
избегне блокирање на протокот предизвикано од
воздушни џебови, особено од доводната страна
на пумпата.
Слика 17 Цевководи
Поставете изолациски вентили од двете страни
на пумпата, затоа што на тој начин нема да мора
да го испуштате системот доколку треба да се
исчисти или поправи пумпата.
Погрижете се цевките да имаат соодветна
потпора, колку е можно поблиску до пумпата, и од
одводната и од доводната страна.
Контраприрабниците мора да лежат нормално на
прирабниците на пумпата без да бидат
напрегнати, затоа што напрегањето би ја
оштетило пумпата.
Слика 18 Поставување на NB, NBG пумпа
8.5.2 Директно монтирање на цевки
Пумпите со мотори со големина на рамка од 132
или помала се погодни за директно монтирање
кај цевки со потпори.
Слика 19 Директно монтирање кај цевки
Овој начин на поставување не дозволува
користење дилатациски споеви.
За да се обезбеди тивко работење,
цевките треба да бидат прицврстени со
Забелешк
соодветни држачи за цевки.
8.5.3 Премостување
Предупредување
Пумпата не смее да работи со затворен
вентил, затоа што тоа ќе предизвика
зголемување на температурата/
создавање на пареа во пумпата што
може да доведе до оштетување на
пумпата.
Ако постои опасност пумпата да работи со
затворен вентил, обезбедете минимален проток
на течност преку пумпата со поврзување на
премостување/одвод на одводната цевка.
Минималниот проток мора да биде минимум 10 %
од максималниот проток. Протокот и напорот се
наведени на натписната плочка на пумпата.
783

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Nbg serie

Tabla de contenido