Технички Податоци - Grundfos NB Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 187
12. Одржување
Предупредување
Пред да започнете да работите на
производот, исклучете го напојувањето
со електрична енергија. Погрижете се
да се оневозможи ненамерно
вклучување на напојувањето со
електрична енергија.
12.1 Пумпа
За пумпата не е потребно одржување.
12.2 Механички заптивки за вратило
На механичките заптивки за вратило не им е
потребно одржување и тие функционираат скоро
без никакво протекување. Доколку се јави
значително и зголемено протекување, веднаш
проверете ја механичката заптивка за вратило.
Доколку лизгачките површини се оштетени,
заменете ја целата заптивка за вратило.
Посветете најголемо внимание на механичките
заптивки за вратило.
12.3 Мотор
Вршете редовни проверки на моторот. Важно е
моторот да се одржува чист за да се обезбеди
соодветна вентилација. Ако пумпата е монтирана
во прашлива средина, редовно чистете ја и
проверувајте ја.
12.4 Подмачкување
Лежишта на моторот
Мотори со големина на рамка од 132 и помала,
немаат потреба од одржување и нивните
лежишта се трајно подмачкани.
Моторите со рамка поголема од 132 треба да се
подмачкуваат според упатствата на натписната
плочка на моторот. Може да се јават протекувања
на средство за подмачкување од моторот.
Спецификации на средството за подмачкување:
Видете во делот
12.4.1 Средство за
подмачкување на
лежиштата.
12.4.1 Средство за подмачкување на
лежиштата
Користете средство за подмачкување базирано
на литиум според следниве спецификации:
NLGI класа 2 или 3
вискозност на основно масло: 70 до 150 cSt на
+40 °C
температурен опсег: од -30 °C до +140 °C за
време на континуирано работење.
13. Периоди на неактивност и
заштита од мрзнење
Пумпите коишто не се користат за време на
периоди на мрзнење мора да се испразнат за да
се избегне оштетување.
Испуштете ја течноста од пумпата така што ќе го
отстраните чепот за празнење. Видете ја сл. 24.
Не го затегнувајте чепот за полнење или вратете
го назад чепот за празнење додека пумпата
повторно да се користи.
Предупредување
Внимавајте течноста што истекува да
не предизвика телесна повреда или
оштетување на моторот или на други
компоненти.
Кај постројките со врела вода, обрнете
посебно внимание на ризикот од
телесна повреда предизвикана од
зовриена врела течност.
Кај постројките со студена вода,
обрнете посебно внимание на ризикот
од телесна повреда предизвикана од
студената течност.
Доколку течноста од пумпата треба да се испушти
пред подолг период на неактивност, ставете
неколку капки силиконско масло на вратилото кај
носачот на лежиштето. Со ова ќе се спречи
површината на заптивката на вратилото да се
деформира.
14. Сервисирање
Предупредување
Ако пумпата била користена за течност
којашто е штетна за здравјето или
токсична, пумпата се класифицира како
контаминирана.
Доколку побарате од Grundfos да сервисира таква
пумпа, контактирајте со Grundfos и соопштете им
ги деталите за испумпаната течност итн., пред да
ја вратите пумпата за сервисирање. Во
спротивно, Grundfos може да одбие да ја прими
пумпата за сервисирање.
Можните трошоци за враќање на пумпата ги
покрива клиентот.
14.1 Сервисна опрема
Сервисна опрема за NB, NBG, видете во
Центарот за производи на Grundfos на www
grundfos.com или во Каталогот за сервисна
опрема.
15. Технички податоци
15.1 Електрични карактеристики
Видете на натписната плочка на моторот.
791

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Nbg serie

Tabla de contenido