Grundfos NB Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 784

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 187
8.6 Придушување на вибрациите
8.6.1 Отстранување бучава и вибрации
За да се постигне оптимално работење и
минимални бучава и вибрации, препорачливо е
придушување на вибрациите на пумпата. Општо
земено, тоа се препорачува кај пумпите со
мотори од 11 kW и со мотори со поголема
моќност. Кај моторите со моќност од 90 kW и
поголема, придушувањето на вибрациите е
задолжително. Сепак, и помалите мотори може
да предизвикуваат несакани бучава и вибрации.
Бучавата и вибрациите се создаваат од вртежите
на моторот и на пумпата и од протокот во цевките
и арматурата. Влијанието врз животната средина
е условено и зависи од правилното поставување
и од состојбата на остатокот од системот.
Отстранувањето на бучавата и вибрациите
најдобро се постигнува со помош на бетонска
основа, придушувачи на вибрации и дилатациски
споеви. Видете ја сл. 18.
8.6.2 Придушувачи на вибрации
За спречување на преносот на вибрациите на
објекти, препорачливо е да се изолира основата
на пумпата од делови на објекти со помош на
придушувачи на вибрации.
За избирање на соодветниот придушувач на
вибрации, неопходни се следниве податоци:
сили што се пренесуваат низ придушувачот
брзината на моторот, земајќи ја предвид
контролата на брзината, доколку ја има
потребно придушување во % - предложена
вредност е 70 %.
Изборот на придушувачот на вибрации ќе се
разликува од една постројка до друга. Во
одредени случаи, погрешен придушувач може да
го зголеми нивото на вибрации. Поради тоа,
димензијата на придушувачите на вибрации мора
да ја одреди доставувачот на придушувачите.
Доколку пумпата ја поставите на основа со
придушувачи на вибрации, секогаш поставувајте
и дилатациски споеви на прирабниците на
пумпата. Ова е важно за да се спречи пумпата да
"виси" на прирабниците.
784
8.7 Дилатациски споеви
Дилатациските споеви ги имаат следниве
предности:
апсорпција на топлинското ширење и
собирање на цевките предизвикано од
варијации во температурата на течноста
намалување на механичките влијанија
поврзани со напливи на притисок во цевките
изолирање на структурната бучава во цевките;
ова се однесува само на гумени компензатори.
Не поставувајте дилатациски споеви за
да надоместите за непрецизности во
цевките, како што се централна
Забелешк
дислокација или непорамнетост на
прирабниците.
Поставете ги дилатациските споеви на
минимално растојание од 1 до 1 1/2 од
дијаметарот на цевката (DN) оддалечени од
пумпата од доводната и одводната страна. Со тоа
се спречува турбуленција во дилатациските
споеви, со што се обезбедуваат оптимални
услови за доводот и минимална загуба на
притисок кај одводот. При брзини на водата
поголеми од 5 m/s, препорачуваме да
инсталирате поголеми дилатациски споеви што
одговараат на цевките.
Сликите
20
и
21
покажуваат примероци од гумени
дилатациски споеви со или без ограничувачи.
Слика 20 Гумен компензатор со ограничувачи

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Nbg serie

Tabla de contenido