Grundfos NB Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 785

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 187
Слика 21 Гумен компензатор без
ограничувачи
Користете дилатациски споеви со ограничувачи
за да се намалат ефектите на силите на ширење
или собирање на цевките. Секогаш
препорачуваме да користите дилатациски споеви
со ограничувачи за прирабници поголеми од DN
100.
Прицврстете ги цевките на тој начин што тие нема
да ги напрегаат дилатациските споеви и пумпата.
Следете ги инструкциите на доставувачот и
проследете ги до советниците или лицата што ги
поставуваат цевките.
На слика
22
е прикажан пример за метален
компензатор со ограничувачи.
Слика 22 Метален компензатор со
ограничувачи
Поради ризик од кинење на гумениот елемент,
препорачуваме да користите метални
компензатори при температури над +100 °C
комбинирани со висок притисок.
8.8 Мерни инструменти
8.8.1 Манометар и мано-вакуумометар
За да се обезбеди континуирано следење на
работењето, препорачуваме поставување на
манометар на одводната страна и мано-
вакумометар на доводната страна. Отворете ги
приклучоците на манометарот само кога се врши
проверка. Мерниот опсег на уредите за мерење
мора да биде 20 % над максималниот притисок на
пумпата.
Кога се врши мерење со манометри на
прирабниците на пумпата, треба да се запомни
дека манометарот не регистрира динамички
притисок. Кај сите NB и NBG пумпи, дијаметрите
на прирабниците на страните за довод и одвод се
различни, што резултира со различни брзини на
проток кај двете прирабници. Следствено на тоа,
манометарот кај прирабницата на страната за
одвод нема да го покаже притисокот даден во
техничката документација, туку вредност којашто
може да биде до 1,5 бари (околу 15 метри)
пониска.
8.8.2 Амперметар
За проверка на оптоварувањето на моторот,
препорачуваме да поврзете амперметар.
785

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Nbg serie

Tabla de contenido