e. Држете се себеси и набљудувачите понастрана од
површината каде што ротира приборот и немојте да
користите алатот неоптоварен на максимална брзина
подолго од една минута. Оштетениот прибор обично ќе се
скрши во текот на ова тестирање.
Можете да препознаете по звукот и чувството дали Вашиот
прибор работи урамнотежено. За да го центрирате или
балансирате приборот, лесно повлечете ги назад лостовите
EZ Change™ и завртете го приборот за 1/4 круг. Пуштете
ги лостовите и вклучете го алатот. Продолжете со ваквото
дотерување сè додека не го постигнете најдобриот баланс.
УПОТРЕБА НА ДОДАТОЦИ
Вашиот Dremel 4200 може да се опреми со разновидни додатоци
кои ја прошируваат функционалноста на Вашиот алат.
Не сите долунаведени додатоци се вклучени во Вашиот
комплет. Користете само тестиран Dremel прибор кој
е високо ефикасен. Можете да нарачате додатоци
преку сервисната служба на Dremel или посетете ја
www.dremel.com за да нарачате додатоци и компатииблен
прибор.
1. Користете ја свитливата осовина (225) за прецизно, детално
работење или за тешко достани места. Види слика 11.
Пред да почнете со работа, заради постигнување на
оптимален учинок, оставете ја Вашата нова свитлива
осовина да работи 2 минути во вертикална положба.
2. Користете ја платформата за обликување Dremel (576) за
брусење и шмирглање под совршен агол од 90 и 45 степени.
Види слика 12.
3. Користете ја рачката за детали Dremel (577) за да имате уште
подобра контрола над Вашата мултифункционална алатка. Види
слика 12.
4. Користете ја повеќенаменската гарнитура за сечење (565/566) за
контролирано сечење разновидни материјали. Види слика 13.
5. Користете ја гарнитурата за отстранување на малтер од ѕидни и
подни плочки (568). Види слика 14.
6. Користете го праволинискиот и кружниот нож (678) за да правите
совршени дупки и прави сечења. Види слика 15.
7. Користете го додатокот за прави агли (575) за да го користите
приборот под прав агол во тешко достапни места. Види слика 16.
8. Користете го додатокот за комфорна заштита за да Ве штити од
прашина и искри. Види слика 17.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Првин вежбајте на парче отпаден материјал за да видите
како функционира алатката.
Вашиот мултифункционален алат работи најдобро ако
му дозволите на алатот да ја заврши работата за Вас со
правилен Dremel прибор, приклучоци и брзина. Полека
спуштете го ротациониот прибор на работната површина
на местото на коешто сакате да почнете со работа.
Концентрирајте се на водењето на алатката преку работната
површина, притоа користејќи мошне мал притисок. Не е
добро да го зголемувате притисокот врз алатот ако алатот
не работи исправно. Обидете се со друг прибор или со
подесување на друга брзина за да го постигнете саканиот
резултат.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот во
повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа со
едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува најдобра
контрола и ја намалува можноста од правење грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Дизајнот на алтот е симетричен и содржи меки дршки. Алатот може
да се држи удобно во многу позиции.
Алатот секогаш држете го свртен настрана од Вашето лице.
Приборот може да се оштети за време на ракувањето и
може да се распадне на парчиња при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги покривате
отворите за вентилација. Блокирањето на отворите за
вентилација може да предизвика прегревање на моторот.
1. „Почувствувајте" го алатот пред да го користите, така што ќе го
држите в рака и ќе ја осетите неговата тежина и баланс.
2. Алатот држете го како пенкало помеѓу палецот и показалецот за
најдобра контрола при непосредното работење. Види слика 6.
3. Користете држење од типот „стап за голф" за потешки операции,
како на пр. брусење или сечење. Види слика 7.
ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот се става на „ON" и „OF" со помош на прекинувачот On/Off на
врвот од куќиштето на моторот.
1. Ставете ја електричната приклучница во штекерот.
2. Алатот се вклучува на „ON" така што прекинувачот On/Off ќе го
турнете нанапред.
3. Алатот се исклучува на „OFF" така што прекинувачот On/Off ќе го
турнете наназад.
Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека
движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот
прибор може да ја зафати површината на која го одлагате, и
така да изгубите контрола над електричниот алат.
БИРАЊЕ НА ПРАВАТА БРЗИНА
Вашиот алат е опремен со променлив избор на брзината. Вие
можете да е промените брзината и за време на работењето со
повторноо поставување на преклопникот во некоја положба од
назначените брзини или помеѓу нив.
Положба на
Обем на брзина
преклопникот
(вр./мин.)
5
5.000
10
10.000
15
15.000
20
20.000
25
25.000
30
30.000
33
33.000
Видете во Техничката спецификација на приборот (онлајн
или на амбалажата) која е максималната брзина. Немојте
да користите висока брзина кога користите жичени четкички.
При висока брзина, жицата може да испадне од држачот.
1. Користете ниска брзина (15.000 вр./мин. или помалку) кога
a. полирате, гланцате и чистите со жичена четкичка.
b. Полирање со прибор за полирање со филц.
c. Работење со материјали кои може да се оштетат од
топлината предизвикана од висока брзина. Некои материјали
горат или се топат на пониски температури.
2. Користете повисоки брзини за масивно дрво, мател и стакло,
како и за дупчење, резбање, сечење, глодање и обликување.
Доколку ножот од брзорезен челик почне да вибрира, тоа
обично значи дека работи пребавно.
3. Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и калај може да се
сечат при различни брзини, во зависност од видот на сечењето.
Користете парафин или друг соодветен лубрикант (не вода)
за ножот за да спречите материјалот да се залепи за забите
на ножот.
ОДРЖУВАЊЕ И ПОПРАВКА
Секогаш исклучувајте го алатот од електричната мрежа
пред да правите било какви измени, пред да го менувате
приборот, да сервисирате, чистите итн. Со ова се намалува
ризикот од несакано вклучување на алтот.
96
Квалификација
Ниска брзина
Висока брзина