Descargar Imprimir esta página

Grundfos LSV Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 981

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 215
1. Подигнете ја основната рамка на крајното ниво
од 19-32 mm над бетонската основа и
обезбедете потпора за основната рамка со
помош на блокови и подлошки, на анкор-
завртките и на средина помеѓу завртките.
Видете ја сликата погоре.
2. Нивелирајте ја основната рамка со додавање
или отстранување подлошки под основната
рамка. Видете ја сликата погоре.
3. Затегнете ги навртките на завртките на
основата за основната рамка. Погрижете се
цевководот да биде порамнет со прирабниците
на пумпата без да создава притисок врз
цевките или прирабниците.
Заливање
Заливката компензира за нееднаква основа, ја
дистрибуира тежината на единицата, ги потиснува
вибрациите и спречува поместување. Користете
одобрени заливки коишто не се собираат. Ако
имате прашања или сомнежи во однос на
заливањето, консултирајте се со стручно лице за
заливање.
Постапете на следниов начин:
1. Изградете силен кофраж околу основата за да
ја задржите заливката.
2. Целосно натопете го горниот слој од
бетонската основа, а потоа отстранете ја
површинската вода.
3. Исполнете го кофражот со заливка до
најдолниот раб на основната рамка.
Погледнете ја сликата подолу. Оставете ја
заливката добро да се исуши пред да ги
прикачите цевките на пумпата. 24 часа е
доволно време со одобрена постапка за
заливање.
4. Штом заливката темелно се стврдне,
проверете ги анкор-завртките и затегнете ги,
доколку е потребно.
5. Околу две недели откако заливката била
истурена или откако заливката добро се
исушила, нанесете мрсна боја на изложените
рабови од заливката за да се спречи таа да
дојде во контакт со воздух или влага.
1
7
5
6
Пресечен поглед на основата со анкор-
завртка, заливка и основна рамка
Поз. Опис
1
Основна рамка
2
Заливка
Нивелирачки поставени клинови и
3
подлошки
4
Горниот дел на основата е оставен груб
5
19-32 mm заливка
6
Оплата
7
5-10 mm
2
3
4
981

Publicidad

loading