6.8 РАЧКА ЗА НАВАЛУВАЊЕ НА
КОРПАТА ЗА ТРЕВА (АКО
ИМА, САМО ЗА МОДЕЛИ СО
ЗАДНА КОРПА ЗА ТРЕВА)
Оваа рачка, што може да се вади од
своето лежиште, овозможува корпата
за трева да се преврти за да се
испразни, со што операторот не треба
да вложи голем напор (сл. 12.E).
6.9 ПАНЕЛ СО КОПЧИЊА
Во зависност од моделот, косилката
може да биде опремена со една
од верзиите на панели со копчиња
(сл. 12.C, сл. 12.D и сл. 12.L) опишани подолу: :
6.9.1 Панел со копчиња (тип „I") сл. 13
Копче за стартување
на косилката
Кога клучот е целосно вметнат,
ова копче (сл. 13.A) ја вклучува
косилката и ги овозможува
сите функции.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако се исполнети сите услови
за безбедност, се пали иконата
„ПОДГОТВЕНО" (сл. 13.K) и
косилката е подготвена за
употреба (види пас. 7.4).
Копче за активирање и
деактивирање на сечилата
Притиснете го копчето
сл. 13.B за да ги активирате/
деактивирате сечилата.
• Кога сечилата се активирани,
тие почнуваат да работат
по неколку секунди.
• Кога сечилата се
деактивирани, истовремено
се вклучува и сопирачката
за да го запре ротирањето
за неколку секунди.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако ги активирате сечилата
без преземање на неопходните
мерки за безбедност, косилката
ќе се исклучи и не може повторно
да се стартува (види пас. 7.2.2)
Копче за активирање
на функцијата за
косење во рикверц
Со притискање и задржување
на копчето сл. 13.C се дава
согласност за косење во рикверц.
За косење во рикверц,
активирајте ги сечилата
и истовремено задржете
го копчето.
ЗАБЕЛЕШКА
Единечен звучен сигнал
укажува дека нема согласност
за косење во рикверц.
Копче за вклучување
на светлото
Со притискање на копчето
сл. 13.D светлото се
вклучува/исклучува.
Кога светлата се вклучени,
се пали иконата на сл. 13.L
Икона за внимание
Ако се запали иконата сл. 13.E
тоа укажува на непочитување
на условите за безбедност
или можна неисправност на
косилката (види погл. 15).
LED за акумулаторот
LED светилките
сл. 13.F генерално укажуваат
на нивото на наполнетост
на акумулаторите на
косилката, но особено
комбинациите, нивниот статус
на осветлување обезбедува
информации за дефекти на
косилката (види погл. 15).
Икона „Подготвено"
Иконата на сл. 13.K се пали
кога косилката е вклучена и
подготвена за употреба.
Икона „Bluetooth"
Иконата на сл. 13.M се пали кога
косилката и уредот за размена
на податоци се поврзани.
Икона за прекумерна
температура на контролорот
и/или моторот
Иконата на сл. 13.N укажува на
прегревање на електричните
компоненти. Види погл. 15.
MK - 14