Копче за „ТЕМПОМАТ"
Со притискање на копчето на
сл. 13.G се активира/деактивира
функцијата на „ТЕМПОМАТОТ".
Командата за темпомат
се користи за одржување
на саканата брзина во
предна брзина, без да треба
педалата за гас да се држи
постојано притисната.
• Со притискање на копчето
„ТЕМПОМАТ" (Сл. 13.G)
додека се движите нанапред,
косилката ќе ја одржи
брзината постигната во
тој момент, без возачот
да мора да притиска на
педалата за гас (Сл. 12.F).
Кога функцијата е активна,
се пали иконата на сл. 13.I.
ЗАБЕЛЕШКА
Функцијата на „ТЕМПОМАТОТ" не
може да се активира во рикверц.
ЗАБЕЛЕШКА
Брзината може да варира во
однос на избраните вредности
кога косилката се движи по
нагорнина или надолнина.
За да го исклучите уредот и да
ја ресетирате контролата на
брзината со помош на педалата
за гас (сл. 12.F) едноставно:
• притиснете го копчето сл. 13.G.
или
• притиснете ја педалата
за гас (сл. 12.F).
Копче за избирање
на брзината на работа
на сечилата
Ова копче (сл. 13.H) се
користи за избор на 3 брзини
на ротација на сечилата.
1. ЕКО: Брзината на ротација
Не се препорачува да се користи
оваа функција во услови на
отежнато косење (косење густа,
висока или влажна трева).
2. НОРМАЛНА: стандардна
3. ТУРБО: Брзината на ротација
Икона за внимание
Ако се запали иконата сл. 13.E
тоа укажува на непочитување
на условите за безбедност
или можна неисправност на
косилката (види погл. 15).
LED за акумулаторот
LED светилките
сл. 13.F генерално укажуваат
на нивото на наполнетост
на акумулаторите на
косилката, но особено
комбинациите, нивниот статус
на осветлување обезбедува
информации за дефекти на
косилката (види погл. 15).
Икона „Подготвено"
Иконата на сл. 13.K се пали
кога косилката е вклучена и
подготвена за употреба.
Икона „Bluetooth"
Иконата на сл. 13.M се пали кога
косилката и уредот за размена
на податоци се поврзани.
MK - 16
на сечилата се намалува
за да се продолжи векот на
траење на акумулаторот. Кога
е избрана оваа функција, се
пали иконата „лист" (сл. 13.J).
ВНИМАНИЕ
брзина на ротација на
сечилата за употреба во
нормални услови на косење
на сечилата се зголемува за
косење трева во потешки
услови (густа, висока или
влажна трева). Кога е избрана
оваа функција, се пали
иконата „ротирачко сечило"
(сл. 13.R). Векот на траење
на акумулаторот се намалува.