УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Секогаш заменувајте ги оштетените,
искривените или истрошените парови
сечила, како и навртки и завртките,
со цел да се одржи рамнотежата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сите активности околу сечилото
(расклопување, острење, балансирање,
поправка, повторно монтирање и/или
замена) се сложени работи, и за нив се
потребни посебни вештини, и соодветни
алати; Од безбедносни причини, овие
работи треба да се извршат од страна
на Овластениот сервисен центар.
ВНИМАНИЕ
Секогаш користете оригинални
сечила со шифрата што е наведена
во „Технички податоци".
ЗАБЕЛЕШКА
Заради развојот на производот, уредите со
сечивото наведени во табелата „Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
9.3 ПРОМЕНА НА ПРЕДНИ
/ ЗАДНИ ТРКАЛА
9.3.1 Прелиминарни операции
ОПАСНОСТ
Користете соодветна дигалка.
Пред да ги менувате гумите,
извршете ги следните постапки:
1. Поставете ја косилката на цврста и рамна
површина, каде ќе биде стабилна.
2. Запрете ја косилката;
3. Извадете го клучот;
4. Поставете ја дигалката во позиција за
подигнување во близина на тркалото што
треба да се смени (пас. 9.3.2; пас. 9.3.3).
5. Проверете дали дигалката е соодветно
поставена на површината.
9.3.2 Избор и поставување на
дигалката на задните тркала
Поставете неколку дрвени клинови (сл.
32.A) на основата на тркалото (сл. 32.B) до
тркалото што треба да се замени (сл. 32.C).
За модели со задно собирање:
• Максималната можна висина на
затворена дигалка е 110 mm. (сл. 33).
• Поставете ја дигалката под задниот
граничник (сл. 34.A) на 180 mm
од страничниот раб (сл. 33).
За модели со странично исфрлање:
• Максималната можна висина на
затворена дигалка е 110 mm. (сл. 35).
• Поставете ја дигалката под
задната оска, во позицијата
дадена на приказот (сл. 36.А).
ЗАБЕЛЕШКА
Во оваа позиција, дигалката ќе го подигне
само тркалото што треба да се замени.
9.3.3 Избор и поставување на
дигалката на предните тркала
1. Поставете неколку дрвени клинови
(сл. 37.A) на основата на тркалото
(сл. 37.B) зад тркалото што треба
да се замени (сл. 37.C).
2. Максималната можна висина на
затворена дигалка е 110 mm.
3. Над дигалката поставете (сл. 38.A)
квадратно парче дрво (сл. 38.B)
со пресек од околу 10 x 10 cm.
ВНИМАНИЕ
Дебелината на дрвото спречува
оштетување на предната осовина.
4. Во оваа фаза, држете ја дрвената
подлога избалансирана на дигалката
со едната рака. Подигнете го дигалката
така што ќе бидете сигурни дека
дрвената подлога е потпрена на рамката
и структурните делови (сл. 38.C).
ЗАБЕЛЕШКА
Вака поставената дигалка може да ја
подигне целата предна осовина.
MK - 29