се избегне ненадејно заплеткување,
отскочно стартување и губење контрола врз
косилката, особено на стрмна површина.
ЗАБЕЛЕШКА
Рикверцот се активира само кога
косилката е во состојба на мирување.
7.5.2 Косење трева
1. Поставете ја работната позиција на
склопот на сечилата (пас. 6.4).
2. Вклучете ги сечилата (сл.13.B)
само на тревници; не вклучувајте
ги на камена површина или кога
тревата е многу висока.
3. Кога започнувате со косење,
започнете бавно и внимателно.
4. Подесете ја брзината и висината на
косење (пас. 6.4) во однос на состојбата
на тревникот (висина, густина и
влажност на тревата), и количината
на тревата што треба да се искоси.
НАПОМЕНА
Предната брзина на работа се намалува
ако границата на наполнетост на
акумулаторот падне под 40% (пас. 8.2.2).
ЗАБЕЛЕШКА
Изгледот на тревникот ќе се подобри
доколку целата трева се коси на иста висина
и во две наизменични насоки (сл. 20).
ЗАБЕЛЕШКА
За да продолжите во рикверц со
вклучено сечило, притиснете и
задржете го копчето за согласност (сл.
13.C) за да не се исклучи моторот.
Деактивирајте го сечилото и поставете го
склопот на сечилото во највисоката позиција:
• При менување на работни површини
• При движење на терени каде нема трева
• Секогаш треба да ги
избегнувате пречките.
7.5.3 Совети за одржување
убав тревник
• За вашиот тревник да изгледа убаво
и свежо, потребно е редовно косење.
Тревникот може да се состои од повеќе
видови трева. Со често косење, тревата
и корените растат повеќе и формираат
цврста тревна покривка; во спротивно,
почува да расте повисока трева и
коров (детелина и маргаритки, и др.).
• Секогаш е подобро да се
коси трева кога е сува.
• Уредот со сечивото треба да е
интегрирано и добро наострено за
да може косењето да биде уредно
и без шаренила коишто доведуваат
до пожолтување наместа.
• Зачестеноста на косење треба да
се координира со растот на тревата,
избегнувајќи при тоа тревата да
нарасне премногу меѓу две косења.
• За време на топли и суви периоди,
тревата треба да се коси малку повисоко
за да се намали сушење на теренот.
• Најсоодветната висина на тревата на
добро одржуван тревник е околу 4-5 cm и
со едно косење, не треба да отстраните
повеќе од една третина од вкупната
висина. Ако тревата е многу висока,
треба да ја искосите два пати во рок
од дваесет и четири часа; Првиот пат
со сечилото на максимална висина на
косење, и ако е потребно со отворена
патека, а вториот пат на саканата висина.
• Тревникот ќе изгледа поубаво ако
косењето се изведува наизменично
во два правци (сл. 20).
• Доколку каналот за исфрлање се
запуши од тревата, тогаш треба
да ја намалите предната брзина,
бидејќи може да е премногу голема
за моменталната состојба на тревата.
Ако проблемот продолжи, можната
причина е или лошо наострено
сечило, или деформирани перки.
• Бидете внимателни при косење во
близина на грмушки или рабови, бидејќи
може да ја изменат хоризонталната
положба на склопот на сечилото, да го
оштетат сечилото и неговите рабови.
7.5.4 Празнење на корпата за
трева (само кај модели
со задно собирање)
ЗАБЕЛЕШКА
Корпата за трева може да се испразни
само кога сечилата се исклучени,
во спротивно, моторот запира.
ЗАБЕЛЕШКА
Не ја преполнувајте корпата за трева бидејќи
може да го блокира каналот за исфрлање.
MK - 23