2
MK
- Полнете гориво со инка и секогаш на отворе-
но. Немојте да пушите додека ставате гориво
или додека ракувате со горивото.
- Полнете гориво пред да го запалите моторот.
Никогаш немојте да го отворате капачето на
резервоарот или да дополнувате гориво
додека моторот работи или е уште загреан.
- ако се истури гориво, не палете го моторот,
туку прво отстранете ја машината од местото
на истурање и избегнувајте палење на оган
додека не испари целото истурено гориво.
- Докрај затворајте го капачето на резервоарот
и садовите со гориво.
4) Заменете ги оштетените придушувачи и
заштитата, доколку се оштетени.
В) ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО
1) Немојте да го палите моторот во затворен
простор каде може да се соберат опасните
јаглерод-моноксидни гасови.
2) Не користете течности за палење или други
аналогни производи.
3) Не менувајте ги местењата на моторот и
немојте да го користите при превисоки вртежи.
4) Не наведнувајте ја машината странично до
точка од која може да се истури бензинот преку
капачето на резервоарот на моторот.
5) Не допирајте ги ребрастите цилиндри и
заштитата на придушувачот се додека моторот
не биде доволно изладен.
6) Запрете го моторот и исклучете го кабелот
на свеќичката пред проверка, чистење или
работа врз машината или моторот.
7) Не употребувајте го моторот без свеќичка.
8) Транспортирајте ја машината со испразнет
резервоар.
Г) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) Редовното одржување е основен предуслов
за безбедност и за одржување на добрите
перформанси на тревокосачката.
2) Никогаш не чувајте ја машината со полн
резервоар во просторија каде испарувањата
може да допрат до отворен пламен, искра или
до извор на топлина.
3) Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
4) За да го намалите ризикот од запалување,
одржувајте го моторот, придушувачот на
издувот, делот со акумулаторот и местото каде
го чувате горивото чисти и без остатоци од
трева, лисје или масни наслаги.
5) Ако резервоарот треба да се испразни, ова
треба да се прави на отворено и кога моторот е
изладен.
6) Заради безбедност, не користете го моторот
ако некои делови се во лоша состојба или се
оштетени. Таквите делови се заменуваат - не се
поправаат. Користете оригинални делови.
3. КОМПОНЕНТИ И КОМАНДИ
3.1
КОМПОНЕНТИ НА МОТОРОТ
1. Рачка од јажето за отпочнување
2. Капаче за дополнување на масло со мерач на
степен
3. Капак за филтерот за воздух
4. Придушувач на издувот
5. Заштита на придушувачот
6. Свеќичка со капак
7. Матичен број на моторот
Овде запишете го матичниот
број на вашиот мотор
3.2
КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ
Командата на забрзувачот (нормално на рачка),
поставена на машината е поврзана со моторот
преку кабел.
Прочитајте го Упатството за употреба за машината
за да се запознаете со рачката на забрзувачот и
со соодветните позиции, кои обично се
претставени со симболи кои одговарат на:
CHOKE (задушено)= за користење и
FAST (брзо)
SLOW (споро)
STOP (стоп)
отпочнувањв на
ладно.
= соодветствува на
максимален режим,
се користи во текот
на работата.
= соодветно на
минималниот режим.
= Застанување на
моторот (ако е
предвидено).