4
MK
5. ПРАВИЛА НА УПОТРЕБА
5.1
ПРЕД СЕКОЈА УПОТРЕБА
Пред секоја употреба на моторот добро е да
направите контрола за да се осигурате за
регуларноста во функционирањето.
5.1.1
Контрола за степен на масло
За типот на маслото, видете ги упатствата во
засеб ниот дел (види 8.1).
а) Ставете го моторот на рамно.
б) Исчистете ја зоната околу капакот за полнење.
в) Одвртете го капачето (1), исчистете ја
надворешноста на мерачот на степен (2) и
вметнете го, како што е илустрирано, без да го
заштрафите.
г) Извадете го капачето и преконтролирајте го
степенот на масло кое треба да биде помеѓу в
«MIN» и «MAX».
д) Доколку е потребно, надополнете со масло од
ист тип, се до степенот «MAX», обрнувајќи
внмание да не протече масло надвор од
местото за полнење.
ѓ) Повторно навртете го капачето до крај (1) и
исчистете ја секоја трага од масло.
5.1.2
Контрола на филтерот за фоздух
Ефикасноста на филтерот за воздух е услов за
ефикасното функционирање на моторот; не
вклучувајте го моторот доколку недостасува
филтер за воздух, ако е скршен или не е доволно
натопен со масло.
а) Исчистете ја зоната околу капакот (1) на
филтерот.
б) Извадете го капакот (1) со отшрафување на
двете копчиња (2).
в) Проверете ја состојбата на филтерот (3) кој
треба да е во еден дел, чист и со одлична ефи-
касност; во спротивен случај, спроведете
одржување или замена (видете 6.5).
г) Поставете го повторно капачето (1) и затег-
нете ги копчињата (2).
5.1.3
Повторно снабдување со гориво
ВАЖНО
Да се одбегнува истурање на
бензин врз пластичните делови од моторот или
на машината, за да се одбегне нивно оштету-
вање и веднаш да се исчисти секаква трага од
евентуално истурениот бензин. Г аранцијата не ги
покрива штетите на пластичните делови,
предизвикани од бензин.
Карактеристиките на горивото се наведени во
специјалниот дел (види 8.1).
Повторното снабдување со гориво треба да биде
извршено кога моторот е изладен.
а) Ставете го моторот на рамно.
б) Исчистете ја зоната околу капачето за
надополнување (1).
в) Тргнете го капачето (1).
г) Со помош на чиста инка (2), ставете гориво без
да ја надминете линијата од внатрешната
страна (3) на грлото и со особено внимание да
не истурите бензин.
д) Вратете го капачето (1), затворете до крај, и
исчистете доколку има траги од бензин.
5.1.4
Капаче на свеќичката
Зашрафете го капачето правилно (1) на кабелот
на свеќичката (2), проверувајќи дека не останале
остатоци и нечистотии во капачето и на
терминалот на свеќичката.
5.2
ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ (на ладно)
Палењето на моторот мора секогаш да се
изведува со целата опрема и дополнителни
делови поставени (ако се предвидени за
машината) и со командата на палењето (ако има)
во позиција "лер" .
– Поставете ја рачката за забрзување (1) во
позиција «CHOKE» (задушено).
– Поставете ги командите на машината како што
е прикажано во упатството за работа на оваа
машина.
• Рачно палење
a) Зафатете ја рачката (3) на јажето за палење и
повлекувајте полека се' додека не наидете на
извесен отпор, тогаш направете остар потег на
јажето за да се запали моторот.
б) Кога ќе се запали моторот, ослободете го
јажето.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако моторот не се запали,
повторете ја процедурата.
• Електронско палење (ако е предвидено)
a) Вклучете ги клучевите за палење (4) како што
е посочено во упатството за употреба на
машината.
По неколку секунди, постепено поставувајте ја
рачката за забрзување (1) од позицијата «CHOKE»
(задушено) во позицијата «FAST» (брзо) или
«SLOW» (споро).