Descargar Imprimir esta página

3M PF-602E ASB Manual Del Usuario página 266

Equipo filtrante motorizado

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 39
Полнење на батеријата
Температурата на батеријата што треба да се наполни мора да биде помеѓу +10 °C и + 30 °C.
Полнењето секогаш треба да се одвива на собна температура од околу +20 °C, на суво место заштитено од
прашина и директна сончева светлина.
Секогаш користете го сопствениот уред за полнење PF-602E-ASB.
Полначот ја тестира батеријата на почетокот од секое полнење за да открие дефектни батерии (црвеното светло
трепка). Оптимални перформанси со ново батериско пакување се постигнуваат само откако поминале три циклуси на
полнење. (целосно полнење со целосно празнење). Забелешка: Новата батерија или батеријата што се чува подолг
период или, пак, премногу испразнетата батерија може да не функционира стабилно, а тоа може предвремено да го
прекине полнењето. Следете ја црвената сигнална сијаличка (во тек е полнење) по 30 или 60 минути и повеќепати
иницирајте полнење, ако е потребно. Батеријата нема да се наполни во премногу ладни/топли средини.
Никогаш не полнете во потенцијално експлозивна средина.
Кога не се користи, спречете преголемо празнење на батеријата со чување на компресорот секогаш на полнење.
Автоматски се спречува преголемо полнење на батеријата. За да се одржи капацитетот на батериското пакување,
мора да се случи вообичаено целосно празнење (додека не се огласи алармот на батеријата). Забелешка: Ако
батеријата е целосно потрошена, можеби ќе треба да биде испратена во овластен сервисен центар („ОСЦ").
Доколку е потребно, батеријата мора да се замени само во ОСЦ.
Полнење
Поврзете го уредот за полнење во струја (100-240 V/50 Hz). Кога не е поврзан со Powered Air Turbo, сигналното
светло нема да се запали. Отворете го заштитниот капак на конекторот за полнење на компресорот (Види слика
5). Вметнете го приклучокот за полнење во конекторот за полнење и свртете го приклучокот малку во насока
на стрелките на часовникот додека не биде цврсто на место, во спротивно може да не се наполни батеријата.
Полнењето започнува автоматски. За време на полнењето, црвената сигнална сијаличка на полначот останува
запалена. Потребното време зависи од статусот на батеријата. Полнењето е завршено кога црвената сигнална
сијаличка ќе се исклучи и зелената сигнална сијаличка ќе засвети и ќе остане запалена (ниво на подготвеност).
Приклучокот за полнење се вади ако го повлечете резето за заклучување и истовремено го свртите приклучокот
спротивно од стрелките на часовникот. Потоа, затворете го заштитниот капак.
Сигнални сијалички на уредот за полнење
Свети црвената сијаличка: Во тек е полнење
Свети зелената сијаличка: Батеријата е целосно наполнета (подготвена е)
Трепка црвена сијаличка
Батеријата треба да се полни по секоја употреба. Батеријата обично може да се наполни 350-500 пати.
Капацитетот на батеријата се намалува низ времето. Влошувањето на состојбата се забрзува ако се чува на топло
место. Големото празнење на батеријата за време на долгорочно складирање може да се спречи со чување на
Powered Air Turbo на полнење. Но, ако постојаното полнење во состојба на подготвеност е непрактично, батериите
може да се полнат повремено во меѓувреме, на пример, трипати годишно. Пред употреба, мора да се изведе
барем еден циклус на празнење и полнење.
Не полнете батерии со неодобрени полначи, во затворени кабинети без вентилација, на опасни места или во
близина на извори на висока топлина.
Не полнете ги батериите надвор од препорачаниот температурен опсег од +10 до +30 °C.
Не користете ги батериите надвор од препорачаните температурни граници
3M™ PF-602E ASB (MK) Прашање B
Погрешна или дефектна батерија
266

Publicidad

loading