mk
9.5.5
Проверка на функцијата на
уредите за надгледување
9.5.5.1
Проверете ја отпорноста на
температурниот сензор
9.5.5.2
Отпорност на надворешната
електрода за надгледување на
пред-комората
9.5.6
Визуелна проверка на опрема
9.5.7
Менување масло
748
Сервисирање
▪ Консултирајте се со службата за односи со корисниците кога ќе се изаби некој
составен елемент и кога треба да се замени!
За да ја проверите отпорноста, погонот за мешање мора да го изладите на
температура на околината!
Проверете ја отпорноста на температурниот сензор со омметар. Мора да се
почитуваат следните мерни вредности:
▪ Биметален сензор: Мерна вредност = 0 Ohm (премин).
▪ PTC-сензор (Термистор): Мерната вредност е зависна од бројот на вградени
сензори. PTC-сензор нема отпорност на ладно меѓу 20 и 100 Ohm.
– Кај три сензори во серија мерната вредност е меѓу 60 и 300 Ohm.
– Кај четири сензори во серија мерната вредност е меѓу 80 и 400 Ohm.
Измерете ја отпорноста на електродата со омметар. Измерената вредност мора
да биде спротивна на „бесконечност". Кај вредности од ≤ 30 kOhm значи дека има
вода во маслото, по што треба да се смени!
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради нишања
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат поправени или опремата да биде
заменета.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
WILO SE 2019-01