Descargar Imprimir esta página

Wilo EMU TR 50-2 Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 729

Ocultar thumbs Ver también para EMU TR 50-2 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 1144
6.4.1
Одржување
Упатство за вградување и работа Wilo-EMU TR/TRE 50-2 ... 120-1
Инсталација и електрично поврзување
ВНИМАНИТЕЛНО
Материјални штети поради погрешно прицврстување
Погрешното прицврстување може да предизвика ограничување и оштетување
на погонот за мешање и на неговата функционалност.
• Кога се прицврстува на бетонски градби, употребете сидро за поврзување за
да го изведете прицврстувањето. Внимавајте на прописите за монтажа на
производителот! Строго придржувајте се до податоците за температурата и
времињата потребни за зацврснување.
• Кога се прицврстува на челични градби, проверете ја градбата дали е доволно
цврста. Употребувајте материјал за прицврстување со доволна цврстина!
Употребувајте материјали што се отпорни на електрохемиска корозија!
• Цврсто стегнете ги сите навојни врски. Придржувајте се до податоците за
вртежниот момент.
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
▪ Подготовка на работната просторија/местото на поставување:
– Да нема големи предмети наоколу
– Да биде суво
– Да нема мраз
– Да биде деконтаминирано
▪ Работите треба секогаш да се изведуваат од страна на две лица.
▪ Избегнувајте болно и заморно држење на телото.
▪ Во случај на работна висина од повеќе од 1 m (3 ft), употребете скеле со заштита
од пад.
▪ Оградете го просторот околу скелето.
▪ Во случај на работа во затворени простории, може да се насоберат отровни
гасови или гасови што може да предизвикаат задушување. Погрижете се да има
доволно проветрување и придржувајте се до заштитните мерки согласно
оперативните задачи (пример):
– Прво употребете мерач за да измерите дали има гасови.
– Употребете уред за предупредување за гасови.
– Итн.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување.
▪ Употребувајте опрема за подигнување, спуштање и транспортирање на погонот за
мешање.
▪ Прикачете ја опремата за подигнување со стремен за точката на подигнување.
Користете само структурно дозволени средства за прикачување товар.
▪ Кога е подигнат производот, држете се понастрана од работниот простор
потребен за опремата за подигнување.
▪ Опремата за подигнување мора да може да се монтира без да претставува
опасност. Условите на местото на складирање и на примена мора да поддржуваат
поставување на опрема за подигнување. Местото каде што ќе биде поставен мора
да има цврста подлога.
▪ Придржувајте се до минималното растојание од ѕидовите и околните
инсталации.
▪ Поставениот кабел за поврзување мора да овозможува безбедна работа.
Проверете дали пресекот на кабелот и неговата должина се соодветни за
избраната намена.
По подолго складирање од 6 месеци пред инсталација, треба да се изведат
следните работи како дел од одржувањето:
▪ Завртете го пропелерот.
mk
729

Publicidad

loading