Descargar Imprimir esta página

Ethicon Endo-Surgery Endopath XCEL Manual De Instrucciones página 57

Ocultar thumbs Ver también para Endopath XCEL:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 13
ENDOPATH
®
XCEL™
Трокар со дилатирачки врв
Внимателно прочитајте ги сите упатства.
Ако не ги следите упатствата правилно, може да настанат тешки хируршки последици.
Важно: Овој додаток во пакетот е дизајниран за да обезбеди упатства за употреба на ENDOPATH
®
XCEL
трокар со дилатирачки врв со OPTIVIEW™ технологија. Тој не претставува препорака за
техники за вметнување трокар.
ENDOPATH XCEL и OPTIVIEW се трговски марки на Ethicon Endo-Surgery.
Индикации
®
ENDOPATH
XCEL™ трокарот со дилатирачки врв има примена во торакална, гинеколошка
лапароскопија и други абдоминални постапки за воспоставување патека за влез на ендоскопски
инструменти.
Контраиндикации
Овој инструмент не е наменет за употреба кога се контраиндицирани минимално инвазивни техники.
Опис на уредот
®
®
ENDOPATH
XCEL
трокарот со дилатирачки врв со OPTIVIEW™ технологија е стерилен
инструмент за употреба само на еден пациент, којшто се состои од канила проѕирна на Рентген
зрачење и обтуратор достапни во големини со дијаметар од 5 и 12 mm. Обтураторот има остар врв
со рамно сечило и штитник со пружина. Штитникот е дизајниран за да го покрива врвот со рамно
сечило со цел да ги заштити внатрешните структури од пунктура или кинење откако ќе влезе во
абдоминалната или торакалната шуплина. OPTIVIEW™ технологијата ја намалува инциденцата
на заматување предизвикана од трокарот при повторно вметнување на камерата. Канилата за
трокар содржи две заптивки, надворешна интегрирана саморегулирачка зативка што се вади за
да се приспособува на инструментите во опсег од 5 mm до 12 mm во дијаметар, таму каде што
е индицирана и внатрешна заптивка. Заедно, овие заптивки го минимизираат истекувањето гас кога
инструментите се вметнуваат или извлекуваат низ трокарот. Канилата на трокар од 5 mm не содржи
интегрирана заптивка што се вади и во неа се сместуваат само инструментот од 5 mm. Вентилот
е компатибилен со стандардни луер приклучоци и обезбедува прикажување додаток за инсуфлација
и десуфлација на гас. Вентилот е во затворена положба кога е паралелен со канилата.
Илустрација и номенклатура (Илустрација 1)
1.
Врв со рамно сечило
2.
Вовлечен штитник
3.
Обтуратор
4.
Штитник
5.
Дршка на обтуратор
6.
Копче за ресетирање на штитникот
7.
Копче за заклучување на обтураторот
(сместено во дршката на обтураторот)
Упатство за употреба
Проверете ја компатибилноста на сите минимално инвазивни инструменти и приборот пред да го
користите инструментот (прочитајте во Предупредувања и мерки на претпазливост).
®
8.
Стабилизирачка канила на трокар
9.
Надворешната заптивка
10.
Рачка за отпуштање на надворешната заптивка
11.
Вентил
12.
Симбол за дилатирачки врв
1
Подгответе го пациентот во согласност со стандардните хируршки техники пред да го вметнете
трокарот.
Извадете го инструментот од амбалажата со помош на стерилна техника. За да избегнете
1
оштетување, не превртувајте го инструментот во стерилното поле.
Обтураторот на трокарот и канилата се спакувани расклопени. За да ги склопите, извадете го
2
заштитниот капак на врвот од обтураторот и канилата на трокарот и фрлете го. Склопете го
трокарот вметнувајќи го обтураторот во канилата на трокарот додека не се заклучат заедно.
НАПОМЕНА: Трокарот е спакуван со вентилот во отворена положба. Затворете го вентилот
пред употреба. Вентилот е во затворена положба кога рачката на вентилот е паралелна со
канилата.
Важно: За овозможите вовлекување на штитникот, притиснете го копчето за ресетирање
3
напред во активна положба додека не се слушне звук на кликнување. Трокарот не може
да се деактивира со присилно ставање на копчето за ресетирање во првобитната положба
(Илустрација 2).
Направете инцизија со помош на стандардна хируршка постапка која овозможува воведување
4
на трокарот.
НАПОМЕНА: Несоодветна инцизија може да предизвика отпор при вметнувањето,
зголемувајќи ја потребната сила на пенетрација, што може да резултира со губење на
контролата при влегувањето.
Воведете го трокарот низ инцизија на кожата, применувајќи континуиран, но контролиран
5
надолен притисок на трокарот. Кога ќе се примени овој притисок, штитникот останува
вовлечен. Како што се вовлекува штитникот, остриот врв со рамно сечило се изложува за да
создаде премин низ абдоминалниот или торакалниот ѕид (Илустрација 3). Откако вовлечениот
штитник ќе помине низ абдоминалниот или торакалниот ѕид, ќе напредува напред и ќе го
покрие изложениот врв со рамно сечило. Како што се вовлекува штитникот, црвеното копче за
ресетирање на штитникот ќе се врати во првобитната положба (Илустрација 4).
НАПОМЕНА: Вовлекувањето на штитникот се активира со отпор на ткивото. Кога нема
доволно отпор на ткивото, копчето за ресетирање на штитникот ќе остане во активирана
положба и штитнкот ќе биде слободен да се вовлече кога ќе се примени притисок.
Кога трокарот е во абдоминалната или торакалната шуплина, притиснете ги копчињата за
6
заклучување за да го извадите составот на рачката на обтураторот, оставајќи ја канилата на
место (Илустрација 5). Внатрешната заптивка во канилата автоматски се затвора како што
се повлекува обтураторот. Системот на заптивки ја одржува инсуфлацијата во отсуство на
инструмент во канилата. Инструменти со соодветна големина можат лесно да се воведат низ
канилата на трокарот.
Важно: Ако влезот во абдоминалната или торакалната шуплина е нецелосен или ако хирургот
не е сигурен дали влезот е целосен, инструментот мора да се реактивира. За да се реактивира
инструментот, тој треба прво да се извади. По вадењето на инструментот, притиснете го
црвеното копче за ресетирање на штитникот напред во активирана положба (Илустрација 6).
Штитникот повторно ќе биде слободен за да се вовлече кога ќе се примени притисок.
Вметнете го повторно инструментот за да го комплетирате влезот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бидејќи делумниот влез е постигнат, многу малку притисок може да
биде потребен за да се комплетира влезот. Прекумерен притисок може да предизвика повреда
на абдоминалните или интра-торакалните структури.
За да направите инсуфлација, прикачете линија за гас на вентилот на канилата на трокарот
7
и отворете го вентилот. Системот на заптивки ја одржува инсуфлацијата во отсуство на
инструмент во канилата.
За вадење примерок во тек на постапката, со исклучок на канила од 5 mm, надворешната
8
заптивка може да се извади притискајќи ја рачката за отпуштање на надворешната заптивка
налево и подигајќи ја надворешната заптивка. По вадењето примерок, користете стерилен
абдоминален сунѓер за да ги отстраните сите телесни течности или нечистотија што можеби
се нафатила во системот на заптивки на трокарот (Илустрација 7 и Илустрација 8). Заменете
ја надворешната заптивка на трокарот. Насочете го редукциското капаче така за правилно да
се порамни со горниот дел на трокарот. Поставете ги бравите на заптивката над соодветните
отвори во горниот дел на трокарот и притиснете надолу за да чкрапне капачето на место
(Илустрација 9).
По комплетирање на постапката, извадете ја линијата за гас. Отворете го вентилот за брзо да
9
ја издишите абдоминалната шуплина.
2

Publicidad

loading