Descargar Imprimir esta página

Ethicon Endo-Surgery Endopath XCEL Manual De Instrucciones página 58

Ocultar thumbs Ver también para Endopath XCEL:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 13
Информации за ENDOPATH® XCEL® трокар со дилатирачки врв со OPTIVIEW™ технологија со дополнителна канила
Ако користите трокар со дилатирачки врв со дополнителни канили, следете ги чекорите од 3 до 6 во
Упатството за употреба за дополнителни внесува низ порта.
Предупредувања и мерки на претпазливост
Минимално инвазивните постапки треба да ги вршат само лица со соодветна обука
и познавања за минимално инвазивни техники. Прочитајте медицинска литература поврзана со
техники, компликации и опасности пред да вршите каква било минимално инвазивна постапка.
Присуството на штитник на обтураторот не претставува замена за соодветни ендоскопски
техники.
Минимално инвазивните инструменти може да се разликуваат во дијаметaрот кај различни
производители. Кога се употребуваат заедно минимално инвазивни инструменти и прибор
од различни производители во одредена постапка, проверете ја компатибилноста пред да ја
започнете постапката.
Неопходно е темелно познавање на принципите и техниките што се користат при ласерски,
електрохируршки и ултразвучни постапки со цел да се избегнат струен удар и опасност од
изгореници, и кај пациентите и кај медицинскиот персонал, како и оштетување на уредот или
другите медицински инструменти. Уверете се дека не е нарушена електричната изолација
или заземјувањето. Не потопувајте ги електрохируршките инструменти во течности, освен
инструментите кои се наменети и означени за потопување.
Употребата на минимално инвазивен инструмент со дијаметар помал од оној што е наведен за
трокарот со дилатирачки врв може да резултира со десуфлација на абдоминалната шуплина.
Вградувањето на функцијата на штитник во дизајнот на трокарот е со цел да се минимизира
веројатноста од повреда при пенетрација во абдоминалните и торакалните структури. Меѓутоа,
бидејќи врвот на трокарот накратко ќе биде незаштитен пред да напредува штитникот, мора да
се почитуваат стандардните мерки на претпазливост што се применуваат кај сите вметнувања
на трокар.
Адхезии, анатомски аномалии или други пречки, ако ги има, можат да го спречат или одложат
напредувањето на штитникот, оставајќи го врвот непокриен, изложувајќи ги внатрешните
структури на повреда.
Иако трокарот со дилатирачки врв е дизајниран со штитник, мора да се внимава како и кај сите
трокари, за да се избегне оштетување на главните крвни садови и другите анатомски структури
(како на пр. стомакот или мезентериумот).
За да ја минимизирате опасноста од таква повреда, погрижете се за следното:
- да воспоставите соодветен пнеумоперитонеум, со цел да обезбедите доволно простор во
абдоминалната или торакалната шуплина;
- правилно да го позиционирате пациентот што ви помогне да ги поместувате органите
надвор од областа на пенетрација;
- за втора и дополнителна пунктура на трокарот во абодминалната или торакалната шуплина,
проверете го визуелно врвот на трокарот со следење и секој пат забележувајте ги важните
анатомски структури;
- да го насочите врвот на трокарот настрана од главните крвни садови и структури;
- да не применувате прекумерна сила.
Не обидувајте се да вметнувате трокар ако црвеното копче за ресетирање на штитникот не
останува во активна положба.
Бидејќи делумниот влез е постигнат, многу малку притисок може да биде потребен за да
се комплетира влезот. Прекумерен притисок од врвот на трокарот би можел да предизвика
повреда на абдоминалните или торакалните структури.
Откако ќе се комплетира влезот во абдоминалната или торакалната шуплина, трокарот со
дилатирачки врв не треба да се реактивира. Континуираниот влез на врвот со рамно сечило во
овој момент би можел да предизвика повреда на абдоминалните или торакалните структури.
За време на вметнувањето на обтураторот во куќиштето на канилата, тој не треба да биде во
активирана положба.
Бидете внимателни кога внесувате или вадите инструменти или протетска мрежа низ канилата
на трокарот за да спречите ненамерно оштетување на заптивките, бидејќи тоа може да
резултира со губење на пнеумоперитонеумот. Треба особено да се внимава кога се вметнуваат
остри или аголни ендоскопски инструменти, за да спречите кинење на заптивката.
3
Кога користите трокар со дилатирачки врв со интегрирани канили за стабилност, не треба да
се користат дополнителни стабилизирачки уреди.
По вадењето на трокарот со дилатирачки врв од абдоминалната или торакалната шуплина,
секогаш проверувајте дали на локацијата настапила хемостаза. Ако нема настапено хемостаза,
треба да се искористат соодветни техники за запирање на крвта.
Со инструментите или уредите што доаѓаат во контакт со телесни течности треба соодветно
да се постапува за да се спречи биолошка контаминација.
Фрлете ги сите отворени инструменти, без оглед дали се користени или неискористени.
Овој уред е спакуван и стерилизиран само за една употреба. Доколку се користи кај повеќе
пациенти, може да се наруши целокупноста на уредот или да се создаде опасност од
контаминација, кој, за возврат, може да доведе до повреда или болест на пациентот.
Како се испорачува
ENDOPATH
®
XCEL
®
трокарот со дилатирачки врв со OPTIVIEW™ технологија се испорачува
стерилен за употреба само на еден пациент. Фрлете по употреба.
4

Publicidad

loading