Мерки За Безбедност; Воведни Операции - Castelgarden P 350 Manual

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 69
4
MK
3. МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запоз-
најте се со командите и правилното користење на
машината. Научете брзо да го запирате моторот.
2) Користете ја машината за она за што е наменета,
што значи за "соборување, сечење и кастрење на
дрвја со димензии што се дадени по должината
на лостот" или дрвени предмети со аналогни ка-
рактеристики. Било каква друга употреба може да
биде опасна и да предизвика оштетување на ма-
шината.
3) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребу-
ваат машината, или други лица што не се запо-
знаени со основните упатствата. Локалните законс-
ки прописи ја одредуваат минималната возраст на
корисникот.
4) Машината смее да ја користи само еден човек.
5) Никогаш немојте да ја користите машината:
– кога во непосредна близина има други лица,
особено деца или животни;
– доколку корисникот е во состојба на замор или
изнемоштеност, или користел лекови, дрога,
алкохол или други штетни супстанци што влијаат
на капацитетот за навремено реагирање или
внимание;
– доколку корисникот не е во состојба да ја држи
машината цврсто со двете раце и / или да
одржува стабилна рамнотежа на нозете при
работа.
6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот.
Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Во текот на работата, доколку е потребно,
носете соодветна облека што не ја попречува ра-
ботата на корисникот.
– Носете соодветна заштитна облека, надополнета
со заштита од сечење.
– Носете кацига, ракавици, заштитни очила,
заштита од прав и чевли со заштита од сечење и
лизгање.
– Користете слушалки за да го заштитите слухот.
– Не носете марами, наметки, ремени и слични
додатоци што висат или се долги и би можеле да
се закачат за машината или за предмети и
материјали кои се производ на работата.
– Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
2) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Г оривото е лесно
запалливо:
– конзервирајте го горивото во соодветен склад до
следното користење;
– не пушете кога се користи горивото;
– полека отворете го капачето на резервоарот
оставајќи внатрешниот притисок постепено да
испари;
– полнете го карбураторот само на отворено со
помош на инка;
– полнете гориво пред да го запалите моторот;
никогаш немојте да го отворате капачето на
резервоарот или да дополнувате гориво доде-
ка моторот работи или е уште загреан.
– ако се истури гориво, немојте да го палите
моторот, туку прво отстранете ја машината од
местото на истурање и избегнувајте палење на
оган додека не испари целото истурено гориво.
– веднаш исчистете го секој остаток од истуреното
гориво од машината или од местото на истурање;
– не палете ја повторно машината на место каде се
долевало гориво;
– избегнувајте контакт на горивото со делови од
облеката, и доколку тоа се случи, пресоблечете
се пред да го запалите моторот;
– секогаш докрај затворајте го капачето на
резервоарот и на садовите со гориво.
3) Заменете ги неисправните или оштетените
пригушувачи.
4) Пред употреба, проверете ја машината детално,
а особено:
– рачката за брзини и безбедносната рачка треба
да се во слободно движење, без примена на сила
и при отпуштање треба да се вратат автоматски
и брзо во неутрална позиција;
– рачката за брзини треба да биде блокирана за да
не ја бутка безбедносната рачка;
– прекинувачот за застанување на моторот треба
лесно да се движи од една во друга позиција;
– електричните кабли, и особено каблите на свеќи-
чката треба да се интегрирани за да се избегне
генерирање искри и капакот треба да е правилно
поставен на свеќичката;
– прекинувачите и заштитата на машината треба
да се чисти и суви и правилно фиксирани за ма-
шината;
– кочницата за ланецот треба да функционира
перфектно и ефикасно;
– лостот и ланецот треба да се правилно склопени;
– ланецот треба да е правилно прицврстен.
5) Пред да започнете со работа, проверете дали
сите заштити се правилно поставени.
В) ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО
1) Немојте да го палите моторот во затворен прос-
тор каде може да се соберат опасни јаглерод–
моноксидни гасови.
2) Работете само на дневна светлина или при
добро вештачко осветление.
3) Заземете цврста и стабилна позиција:
– избегнувајте кога е можно да работите на мокар
и лизгав терен или на терени кои се многу
нерамни или закосени и не гарантираат стаби-
лност на корисникот при работата;
– избегнувајте користење на скалила или нестаби-
лни платформи;
– не работете со машината над висина во ниво на
рамеиците;
– никогаш не трчајте, туку одете и обрнувајте вни-
мание на неправилноста на теренот и на
присуството на евентуални пречки.
– избегнувајте да работите сами или потполно
изолирани за да се овозможи повик за помош при
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

P 400P 350qP 400q

Tabla de contenido