10
MK
7. КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
Во однос на почитувањето на другите и на
средината:
– Избегнувајте постоење на елементи на
нарушување.
– Следете ги точно локалните закони за
фрлање на материјалите кои ќе се резултат
на сечењето.
– Следете ги точно локалните закони за
фрлање масла, бензин, дотрошени делови
или какви било други елементи кои може да
ја нарушат животната средина.
ВНИМАНИЕ!
!
Носете соодветна облека
додека работите. Застапникот ги има сите пот-
ребни информации за материјалите кои прет-
ставуваат заштита при работа и гарантираат
безбедност при работа.
ВНИМАНИЕ!
!
Употребата на машината за
сечење и кастрење бара специфична обука.
КОЧНИЦА НА ЛАНЕЦОТ
Оваа машина има автоматска кочница која го
блокира ланецот во случај на повратен удар
(противудар) при сечење.
Оваа кочница може да се постави и рачно буткајќи
нанапред предната заштита. За да ја отпуштите
кочницата, повлечете го предниот заштитник кон
рачката се' додека не се слушне звук на
отскокнување.
ВНИМАНИЕ!
!
Не користете ја машината
ако кочницата за ланецот не работи правилно и
контактирајте со застапникот за неопходна
проверка.
КОНТРОЛА НА ЗАТЕГНАТОСТА НА ЛАНЕЦОТ
При работа, ланецот подлежи на прогресивно
издолжување и затоа треба често да ја
проверувате неговата затегнатост.
ВНИМАНИЕ!
!
Не работете со олабавен
ланец за да не предизвикате опасни состојби
во случаи кога ланецот може да излезе од за-
пците.
КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
Ако е неопходно, пристапете кон регулирање на
затегнатоста како што е прикажано во поглавје
4.2.
КОНТРОЛА НА ПРОТОКОТ НА МАСЛО
ВАЖНО
Не користете ја машината
ако нема подмачкувачи! Резервоарот за масло
треба да се испразни речиси секогаш кога
горивото ќе се истроши. Секогаш наполнете го
резервоарот со масло секоја пат кога полните
гориво на моторната пила.
ВНИМАНИЕ!
!
Проверете дали лостот и
ланецот се добро позиционирани кога се врши
контрола на степенот на масло.
Откако ќе го вклучите, држете го моторот под
среден режим на работа и проверете дали
истуреното масло за ланецот соодветствува со
приказот на сликата (сл. 15).
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ И ТЕХНИКИ
НА СЕЧЕЊЕ
Пред за започнете за првпат да работите на
сечење и кастрење треба да се вежба на ниски
грмушки на земјата или закачени на кранови, за
да се стекне неопходната запознаеност со
машината и со техниките за конкретно сечење.
ВНИМАНИЕ!
!
Во текот на работата, маши-
ната секогаш мора да се држи цврсто со двете
раце.
ВНИМАНИЕ!
!
Застанете го веднаш мото-
рот ако ланецот се блокира во текот на работа-
та. Секогаш внимавајте на евентуален повратен
удар (противудар) што може да се случи ако
лостот наиде на препрека.
Против– удар се добива кога крајните точки на
ланецот се судруваат со предмет или кога
дрвото го притиска или блокира ланецот при
сечење.
Овој контакт на крајните делови на ланецот
може да предизвика многу брзо отскокнување
во разни правци, буткајќи го водечкиот лост
нагоре и кон корисникот, тоа се случува кога
ланецот се блокира долж предниот дел на
лостот. Во обата случаи, противударот може да
предизвика губење контрола врз моторната
пила со можни тешки последици.