Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FCHS35 Manual De Instrucciones página 108

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 28
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Моторните пили се потенцијално
опасни алати. Несреќите со употребата на моторните пили
често резултираат со губење на екстремитети или смрт.
Не претставува опасност само моторната пила. Гранките
што паѓаат, срушувачките дрвја и тркалачките трупци може
исто така да убијат. Мртвите или трулите дрва поседуваат
дополнителни опасности. Треба да ја процените вашата
способност за безбедно завршување на работата. Во случај
на сомнеж препуштете му го тоа на професионален дрвен
хирург.
Монтажа и приклучување на напојување
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Може да се појават следните ризици и операторот треба да
обрне посебно внимание да го избегне следното:
• Оштетување на слухот поради изложеност на бучава. Носете
заштита за слухот и ограничете ја изложеноста.
• Повреда предизвикана преку контакт со изложен заб на
ланецот од пилата
• Повреда предизвикана преку отфрлени делови од работното
парче (дрвени деланки, парченца)
• Повреда предизвикана од прав и честички
• Повреда на кожата предизвикана преку контакт со средства за
подмачкување
• Делови исфрлени од моторната пила (опасности од сечење/
вбризгување)
• Непредвидено, ненадејно движење или повратен удар од
мечот (опасности при сечење)
НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ
• Вибрациите од рачните алатки може да допринесат до
состојба наречена Рејнодов синдром кај одредени лица.
Симптомите може да вклучуваат морници, отрпнатост и
белеење на прстите, вообичаено присутно по изложеност
на ладно. Наследните фактори, изложеноста на ладно и
влажност, диета, пушење и работни практики исто така
допринесуваат до развојот на овие симптоми. Има мерки
коишто може да се преземат од страна на операторот за
намалување на ефектите од вибрацијата:
• При ладно време одржувајте го топло вашето тело. Кога
работите со уредот носете ракавици за да ги стоплите рацете
и зглобовите.
• По секој период на работа, правете вежби за да ја зголемите
циркулацијата на крвта.
• Правете чести паузи. Ограничете ја дневната изложеност.
• Заштитните ракавици достапни кај продавачи на
професионални моторни пили се наменети специјално
за употреба со моторни пили кои даваат заштита, добар
стисок и исто така го намалуваат дејството од вибрациите
на рачката. Овие ракавици треба да се во согласност со EN
381-7 и мора да ја имаат ознаката CE.
Ако почувствувате некои од симптомите на оваа состојба,
веднаш престанете со работа и побарајте го вашиот лекар.
-
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Од долготрајната употреба
на алатот може да се предизвикаат повреди или да се влошат
истите. Ако го користите некој алат подолго време правете
редовни паузи..
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
214
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
МОНТИРАЊЕ
Монтирање на ланецот и мечот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Да не ја користите машината
ако некој дел е оштетен или недостасува сè додека не се
замени истиот. Непочитувањето на ова предупредување
може да доведе до сериозна телесна повреда.
Извадете го акумулаторот. Носете ракавици!
1. Извадете ги завртките за монтирање на мечот користејќи го
доставениот комбиниран клуч.
2. Отстранете го капакот на ланецот.
3. Ставете го ланецот во правилната насока на мечот и
осигурајте се дека погонските алки се израмнети во жлебот
на мечот.
4. Прикачете го мечот на моторната пила и замотајте го ланецот
околу погонскиот запченик.
5. Ставете го капакот за ланецот и повторно зашрафете ги
завртките за монтирање на мечот.
6. Цврсто затегнете ги завртките за монтирање на мечот. Мечот
мора слободно да се движи за регулирање на затегнатоста
на ланецот.
7. Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Погледнете го
поглавјето „Регулирање на затегнатоста на ланецот".
МАКЕДОНСКИ
8. Фатете го врвот на мечот и добро затегнете ги завртките за
монтирање на мечот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ланецот на пилата е остар.
Секогаш носете заштитни ракавици кога го одржувате
ланецот.
Регулирање на затегнатоста на ланецот
Пред да почнете со било какви работи на моторната пила
извадете го акумулаторското пакување.
За да се зголеми затегнатоста на ланецот, завртете ја завртката
за затегнување на ланецот на десно и често проверувајте ја
затегнатоста на ланецот. За да се намали затегнатоста на
ланецот, завртете ја завртката за затегнување на ланецот на
лево и често проверувајте ја затегнатоста на ланецот.
Затегнатоста на ланецот е правилна ако процепот помеѓу
секачот во ланецот и мечот е околу 6,8 mm. Потеглете го
ланецот во средината на долната страна од мечот на надолу
(подалеку од мечот) и измерете го растојанието помеѓу мечот и
секачите на ланецот. Затегнете ги завртките за монтирање на
мечот со нивно вртење на лево.
Забелешка: Да не го затегнувате премногу ланецот -
преголемата затегнатост ќе предизвика зголемено абење и ќе
го намали животниот век на ланецот и може да го оштети мечот.
Новите ланци може да се истегнат и олабават за време на
почетното користење. Извадете го акумулаторското пакување
и често проверувајте ја затегнатоста на ланецот за време на
првите два часа од употреба. Температурата на ланецот се
зголемува за време на нормална работа предизвикувајќи да се
истегне ланецот. Често проверувајте ја затегнатоста на ланецот
и прилагодете како што е потребно. Ланецот затегнат додека е
топол може да биде многу затегнат по ладење. Осигурајте се
дека затегнатоста на ланецот е правилно прилагодена како што
е наведено во овие инструкции.
РАКУВАЊЕ
Додавање на масло за подмачкување на ланецот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Никогаш не работете без средство за
подмачкување на ланецот. Ако пилата работи без средство
за подмачкување, мечот и ланецот може да се оштетат.
Од суштинско значење е често да се проверува нивото на
масло во инструментот за ниво на масло и пред да почнете
да ја користите моторната пила.
Одржувајте го резервоарот повеќе од ¼ полн за да се осигурате
дека има доволно масло за работата.
Забелешка: Се препорачува да користите масло за ланецот
на растителна база кога кастрите дрвца. Минералното масло
може да ги оштети дрвцата. Никогаш не користете отпадно
автомобилско масло или многу густи масла. Тие може да
ја оштетат моторната пила. Исчистете ја површината околу
капачето за масло за да спречите контаминација.
Одвртете го и отстранете го капачето од резервоарот за масло.
Истурете го маслото во резервоарот за масло и следете го
инструментот за ниво на масло.
Ставете го повторно капачето за масло и затегнете го.
Избришете ако има некое истурање.
Држење на моторната пила
Секогаш држете ја моторната пила со вашата десна рака на
десната рачка а левата рака на предната рачка. Фатете ги двете
рачки со палците и прстите заокружувајќи ги рачките.
Стартување на моторната пила
Пред да ја стартувате моторната пила треба да го монтирате
акумулаторското пакување во моторната пила и да проверите
дали кочницата за ланецот е во работна позиција со
повлекување на лостот/рачниот штитник на кочницата за
ланецот кон предната рачка.
Проверка и работење со кочницата за ланецот
Активирајте ја кочницата на ланецот со вртење на вашата
лева рака околу предната рачка. Притиснете го лостот/рачниот
штитник на кочницата за ланецот со задниот дел од вашата рака
кон мечот додека ланецот се врти брзо. Држете ги цело време
двете раце на рачките од пилата.
Ресетирајте ја кочницата за ланецот назад на работната
позиција преку фаќање на горниот дел од лостот/рачниот
штитник и потеглување кон предната рачка сè додека не
слушнете клик.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако кочницата за ланецот не го запре
веднаш ланецот или ако кочницата за ланецот не сака
да остане во работна позиција без помош, однесете ја
моторната пила до сервисна станица на MILWAUKEE за
поправка пред употреба.
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Секогаш благо подмачкајте го ланецот кога го складирате за да
спречите негово рѓосување. Секогаш испразнете го резервоарот
за масло при складирање за да спречите истекување.
Запрете ја машината, извадете го акумулаторот и оставете да се
олади пред складирање или транспорт.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја
машината на ладно, суво и добро проветрено место кое што не
е пристапно за деца. Чувајте подалеку од корозивни средства
како на пример хемикалии за градината и соли за одмрзнување.
Да не складирате надвор.
Ставете го капакот на мечот пред да ја складирате машината
или за време на транспорт.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против движење
или паѓање за да спречите повреда на лица или оштетување на
машината.
ЧИЩЕННЯ
Чистете ја прашината и остатоците од отворите. Одржувајте
ја рачката чиста, сува и без масло или мазива. Користете
само благ сапун и влажна крпа за чистење, бидејќи одредени
средства за чистење и растворувачи се штетни за пластика и
други неизолирани делови. Некои од нив вклучуваат бензин,
терпентин, разредувач за лак, разредувач за боја, хлорирани
средства за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството
што содржат амонијак. Никогаш не користете запаливи или
горливи растворувачи околу алатите.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Користете само Milwaukee додатоци
и резервни делови. Во спротивно може да дојде до можна
повреда, да допринесе до слаби перформанси и може да ја
поништи вашата гаранција.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сервисирањето бара исклучително
внимание и знаење и треба да го врши само квалификуван
сервисен техничар. За сервисирање ви препорачуваме да
ја однесете машината до најблиската сервисна станица на
MILWAUKEE. Кога сервисирате користете само идентични
делови за замена. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Извадете го
акумулаторот пред прилагодување, одржување или чистење.
Во спротивно може да дојде до сериозна телесна повреда.
Може да правите прилагодувања или поправки опишани во
прирачникот. За други поправки, контактирајте го овластениот
сервисен агент.
Последиците од неправилното одржување може да
предизвикаат неправилно функционирање на кочницата за
ланецот и други безбедносни функции и така зголемувајќи ја
можноста за сериозна повреда.
Чувајте ја моторната пила професионално одржувана и
безбедна. • Безбедното острење на ланецот е задача која бара
вештина. Затоа производителот строго препорачува да се
замени изабен или затапен ланец со нов, достапен кај вашиот
сервисен агент на MILWAUKEE. Бројот на делот е достапен во
табелата со спецификации за производот во овој прирачник.
Следете ги инструкциите за подмачкување и проверка и
регулирање на затегнатоста на ланецот.
По секоја употреба, исчистете ја машината со мека сува крпа.
Отстранете ги деланките, прашината и остатоците во
акумулаторското крило.
МАКЕДОНСКИ
215

Publicidad

loading