Stiga SP 375 Manual De Instrucciones página 288

Motosierra de cadena para trabajos forestales
Ocultar thumbs Ver también para SP 375:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 139
6
MK
• Одржувајте ги сите делови на телото подалеку од
назабениот ланец додека сечивото на ланецот работи.
Пред да ја вклучите пилата со ланец, проверете дали
назабениот ланец не е во контакт со ништо. Еден момент
на невнимание додека работи пилата со ланец може да
доведе до закачување на облеката или телото за назабениот
ланец.
• Десната рака мора секогаш да ја држи задната рачка, а
левата рака предната рачка. Никогаш не смее да се сменат
рацете за држење на пилата со ланец бидејќи доведува до
ризик од инциденти за даденото лице.
• Носете заштитни очила и акустична заштита. Се
препорачува носење и друга заштита на главата,
рацете и стапалата. Носењето соодветна заштитна облека
ги намалува повредите на телото што се предизвикани
од иверките што се разлетуваат при случаен контакт со
назабената пила.
• Не користете ја пилата со ланец качени на дрво. Работа
со пилата со ланец додека сте качени на дрво може да
предизвика телесни повреди.
• Одржувајте секогаш правилна точка на потпора на
нозете и вклучувајте ја пилата со ланец само ако стоите
на стабилна, сигурна и рамна површина. Лизгавите
или нестабилни површини, како што се скалите, може да
предизвикаат губење на рамнотежата или губење контрола
врз пилата со ланец.
• Кога се сече гранка што се наоѓа под нивото, треба да се
обрне внимание на ризикот од контраудар. Кога отпорот
на структурата на дрвото ќе се разлабави, гранката што се
сече може да го повреди операторот и / или да се изгуби
контролата врз пилата со ланец.
• Користете ја со исклучително внимание кога се сечат
грмушки и млади честаци. Меките материјали може да се
заглават во назабениот ланец и да се исфрлат во ваш правец
и / или да предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со ланец за предната рачка
кога е исклучена, држејќи ја подалеку од телото. Кога
се транспортира или се одложува, пилата треба секогаш
да се става со заштита за лостот за водење. Правилно
ракување со пилата со ланец ја намалува можноста за
случаен контакт со назабениот ланец во движење.
• Придржувајте се до соодветните упатства за
подмачкување, за затегнување на ланецот и за
резервните делови. Ланец чие затегнување и подмачкување
не се правилни може да се скине што придонесува до ризик
од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти и без траги од масло
или масти. Замастените или мрсни рачки се лизгави и
предизвикуваат губење на контролата.
• Механизмот за палење на оваа машина генерира
електромагнетно поле со умерена јачина, но сепак
не може да се исклучи можноста за интерференција со
функционалноста на медицински уреди и активни или
пасивни инпланти кај операторот со последователни можни
сериозни ризици по здравјето. Се препорачува носителите на
таквите медицински уреди да се советуваат со доктор или со
производителот на тие уреди пред да ја користат машината.
Ж) ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И ЗАШТИТА
ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната точка на лостот за
водење ќе удри во предмет или кога дрвото има кора што го
спречува назабениот ланец во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени случаи да
предизвика ненадејна повратна реакција вртејќи го лостот за
наведување нагоре или наназад кон операторот.
Затегнувањето на назабениот ланец за горниот дел на лостот
за наведување може да предизвика нагло движење наназад на
назабениот ланец насочен кон операторот.
Која било од овие реакции може да предизвика губење
контрола врз пилата со што се предизвикуваат тешки повреди
по лицата. Нема потреба да се употребуваат само уредите за
безбедност што се содржани во пилата.
Операторот на пилата со ланец, може да преземе различни
мерки за елиминирање на ризични ситуации или телесни
повреди во текот на сечењето. Контраударот е резултат на
неправилна употреба на машината и / или постапка или услови
на работа што не се правилни и може да се избегнат со следење
на соодветните, посочени мерки за заштита:
• Држете ја пилата цврсто со двете раце, со палците и
прстите околу рачките на пилата со ланец и ставајќи
го телото и рацете во позиција која ви дозволува да
ги издржите ударите на противударот. Силата на
противударот може да ги контролира операторот ако посочи
исклучително внимание на ситуацијата. Не оставајте ја
пилата со ланец.
• Не држете ги рацете многу далеку и не сечете
над висината на рамениците. Така се избегнуваат
неконтролирани контакти со екстремитетите и се
овозможува најдобра контрола врз пилата во предвидените
ситуации.
• Користете ги водилките на лостот и ланецот само за
работи што ги посочил производителот. Резервните
делови за лостот и за ланецот што не се соодветни може
да предизвикаат расипување на ланецот и / или контраудар.
• Придржувајте се до упатствата на производителот во
однос на острењето и одржувањето на пилата со ланец.
Намалување на нивото на темелноста може да доведе до
зголемување на контраударот.
З) ТЕХНИКИ НА КОРИСТЕЊЕ НА МОТОРНАТА ПИЛА
Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност и
применувајте ги техниките за сечење што најдобро одговараат
на работата во согласност со индикациите и со прикажаните
примери и упатства (видете поглавје 7).
И) ПРЕПОРАКИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, неопходно
е:
– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството
за користење што се составен дел на овој прирачник;
– да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани на
соодветни потпори на начин што ќе доведе до неопходната
запознаеност со машината и со најчестите техники за сечење.
К) КАКО СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во текстот на упатството, неколку пасуси коишто содржат
информации од особена важност се потенцирани во разни
степени на евидентирање, каде што најважно е следното:
ЗАБЕЛЕШКА
или
ВАЖНО
информации како што е претходно наведено, со цел да не се
оштети машината, или да не се предизвика штета.
ВНИМАНИЕ!
повреди на други лица во случај на не вни мание.
ОПАСНОСТ!
или повреди на други лица, па дури и смрт, во случај на
невнимание.
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Даваат
прецизни
или
Можност за лични повреди или
Можност за тешки лични пов реди
други

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido