Grundfos E Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 756

Ocultar thumbs Ver también para E Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 173
17. Работа при итни случаи (само за 11-22 kW)
Предупредување
Никогаш немојте да изведувате никакви
поврзувања во приклучната кутија на пумпата ако
доводот на електрична енергија не е исклучен
најмалку 5 минути.
Обрнете внимание, на пример, дека сигналното
реле може да е поврзано со надворешен довод
кој може да биде поврзан кога главниот довод е
исклучен.
Ако пумпата не работи и не се рестартира откако сте ги
направиле вообичаените чекори, причината може да биде
дефектен регулатор на фреквенција. Во овој случај можно е
да се воспостави работење при итни случаи на пумпата.
Но пред да промените на работа при итни случаи,
препорачуваме да ги проверите следниве точки:
Проверете дали има довод на електрична енергија.
Проверете дали работат контролните сигнали (старт/стоп
сигнали).
Проверете дали сите аларми се ресетирани.
Извршете тест на отпорот на намотките на моторот
(исклучете ги проводниците на моторот од приклучната
кутија).
Ако пумпата сепак не се вклучи, регулаторот на фреквенција
е дефектен.
За да се воспостави работа при итни случаи, продолжете на
следниов начин:
1. Исклучете ги трите главни проводници, L1, L2, L3 од
приклучната кутија, но оставете ги заштитните проводници
за заземјување на позицијата на ПЕ терминалите.
Слика 39 Исклучување на главните проводници
2. Исклучете ги проводниците за довод на моторот, U/W1, V/
U1, W/V1, од разводната кутија.
Слика 40 Исклучување на проводниците за довод на
моторот
756
3. Поврзете ги проводниците како што е прикажано на сл. 41.
Слика 41 Како да направите промена на е-пумпата од
нормален режим на работа во работа при итни
случаи
Користете ги шрафовите од терминалите на главниот довод и
мутерите од терминалите на моторот.
Слика 42 Поврзување на проводниците
4. Изолирајте ги трите проводници еден до друг со помош на
изолир трака или слично.
Слика 43 Изолирање на проводниците
Слика 44 Изолирани проводници
Предупредување
Не го премостувајте регулаторот на фреквенција
со поврзување на главните проводници на U, V и
W терминалите.
Ова може да предизвика опасна ситуација за
персоналот, бидејќи високата волтажа на
напојниот кабел може да се пренесе на
компонентите кои може да се допрат во
приклучната кутија.
Проверете го правецот на ротација кога ставате
Опомена
во погон по префрлањето на итно работење.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

TpeTpedNkeNkgeNbeNbge

Tabla de contenido