• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, маслата,
горивото, акумулаторот, филтрите, делови
во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во
ѓубре туку треба да се селектираат и
однесат во соодветни собирни центри
кои рециклираат материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка
со седнат оператор
Машината се состои од мотор којшто
вклучува уред за косење, поставен во
картер, како и група за пренос којашто
обезбедува движење на машината.
Машината е опремена со заден погон.
Задното вратило може да има:
– механички пренос со 5 брзини за
движење напред и една за рикверц,
– хидростатички пренос со менливи брзини
за напред и во рикверц ("хидро").
Операторот е во позиција да управува
со машината и да ги вклучува главните
команди во седечка состојба на
седиштето за управувачот.
Безбедносните уреди, поставени на
машината спречуваат запирање на моторот
и на уредот со сечивото по неколку секунди
(пасус 6.2.2).
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана и
произведен за косење трева.
Генерално, оваа машина може:
• Серијата MP 84 / MP 98 може:
1. да ја коси тревата и да ја собира
во вреќата за собирање
2. да ја коси тревата и да ја
распостила на земјата одзади
3. да коси трева, да ја дроби и распостила
врз теренот (ефект на "сечкање").
• Серијата SD 98 / 108 може:
4. да ја коси тревата и да исфрла странично
5. да коси трева, да ја дроби и распостила
врз теренот (ефект на "сечкање").
Употребата на одредена дополнителна
опрема којашто ја предвидел производителот
како оригинална опрема и делови што
се набавуваат засебно, дозволуваат да
ја завршите оваа работа на различни
работни начини, претставени во ова
упатство и во упатството што се доставува
со дадената дополнителна опрема.
Исто така, можноста да примените
дополнителна опрема (ако така
предвидел производителот) може да
ја прошират предвидената употреба на
другите функции согласно посочените
ограничувања и услови коишто ја
придружуваат оваа дополнителна опрема.
3.1.2 Несоодветна употреба
• Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
– к ога со машината или во приколката се
транспортираат други лица, деца или
животни коишто може да паднат или да
им се предизвикаат тешки повреди или
да го попречат безбедното управување;
– з акачување или откачување товар без
соодветната предвидена дополнителна
опрема којашто е предвидена за товари;
– к ога ја користите машината за
поминување нестабилни, лизгави,
замрзнати, каменести или раскршени
терени, езерца или мочуришта коишто
не дозволуваат правилно управување
заради состојбата на теренот;
– в клучување на уредот со сечивото
врз терени на кои нема трева;
– у потреба на машината за
собирање лисја или гранки.
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, префрлувајќи
ги на корисникот произлезените
MK - 5