Descargar Imprimir esta página

Задно Собирање); Електронска Плоча; Замена На Сијаличките - Stiga MP 84 Serie Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para MP 84 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 248
8.3.4 Замена на гумата
ВАЖНО Проверете дали машината
е стабилна и цврсто поставена во текот
на дигањето. Ако забележите нешто
ненормално, веднаш спуштете ја дигалката,
проверете и разрешете ги можните
проблеми и подигнете ја одново.
1. Извадете го капакот (сл. 39.А).
2. Подигнете доволно за да може 
да ја извадите лесно гумата.
3. Со помош на клешти, извадете 
ги еластичниот прстен (сл. 39.В) 
и потпорниот мутер (сл. 39.С)
4. Извадете ја гумата што 
треба да се замени.
5. Нанесете маст на оската (сл. 39.D).
6. Поставете ја новата гума.
7. Поставете ги правилно потпорниот 
мутер и еластичниот прстен.
ВАЖНО Проверете дали задните гуми
се на иста висина (сл. 40.A), Разликата на
надворешниот дијаметар меѓу двете гуми (сл.
40.B) не треба да надминува 8-10 мм. Ако има
разлика, за да избегнете нерамно косење,
регулирајте го порамнувањето на уредот со
сечивото во авторизиран сервисен центар.
8.3.5 Поправка и замена на
пневматиците
Гумите се тубелес и затоа секоја замена 
или поправка заради дупчење треба 
да се направи кај специјализиран 
поправач на гуми согласно предвидениот 
начин за тој тип на обложување.
8.4 ЕЛЕКТРОНСКА ПЛОЧА
Електронската плоча е компонента што 
се наоѓа под таблата со инструменти и 
се грижи за безбедноста на машината. 
8.4.1 Уред за заштита на плочата (само
кај модели со задно собирање)
• Електронската плоча се наоѓа под 
контролната табла и е опремена со заштита 
за автоматско обновување којашто го 
прекинува колото во случај на дефект на 
електричната инсталација (поглавје 14). 
8.4.2 Осигурувач за заштита на
плочата (само кај модели
со страничен испуст)
• Електронската плоча се наоѓа под 
контролната табла и е опремена со заштита 
за автоматско обновување којашто го 
прекинува колото во случај на дефект на 
електричната инсталација (поглавје 14).
8.5 ЗАМЕНА НА ОСИГУРУВАЧ
На машината има неколку осигурувачи 
(сл. 40.A) со различна моќност, а нивните 
функции и карактеристики се како што следи:
– Осигурувач од 10 A = за заштита на 
главните кола и за напојување на 
електронската плоча и доколку се 
активира, предизвикува застанување 
на машината само кај модели со
заден испуст и гаснење на сијаличките 
на контролната табла (пасус 5.11)
– Осигурувач од 25 A = за заштита на 
колото за полнење каде интервенцијата 
се манифестира со продолжена 
неможност за полнење на акумулаторот 
со што се оневозможува палењето.
Моќноста на осигурувачот е 
посочена на самиот осигурувач.
ВАЖНО Прегорениот осигурувач треба
секогаш да се замени со соодветен со
еднаква моќност, никогаш поразлична.
Во случај кога проблемот не е решен, 
консултирајте се со застапникот.
8.6
ЗАМЕНА НА СИЈАЛИЧКИТЕ
8.6.1 Тип "I" - електрични сијалички
• Сијаличките (18W) се вметнати 
на фасонка и се вадат со вртење 
обратно од стрелките на часовникот 
со помош на пинцета (сл. 41)
8.6.2 Тип "II" - ЛЕД-сијалички
• Отшрафете го прстенот (сл. 42.A) и 
извадете го конекторот (сл. 42.B). 
Извадете ја ЛЕД-сијаличката (сл. 42.C), 
фиксирана со шрафови (сл. 42.D).
MK - 22

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Mp 98 serieSd 98 serieSd 108 serie