ВАЖНО Избегнувајте пролевање
бензин врз пластичните делови за да
не се оштетат. Во случај на ненамерно
пролевање, исперете веднаш со вода.
Гаранцијата не ги покрива оштетувањата
на пластичните делови на каросеријата
или на моторот предизвикани од бензин.
7.2.2 Празнење на резервоарот
ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и
не треба да се остава во резервоарот
повеќе од 30 дена. Пред да ја одложите
машината на подолг период (поглавје 9),
испразнете го резервоарот од горивото.
Оставете го моторот да се
излади пред да го испразните
резервоарот од горивото.
1. Поставете ја машината на рамна
површина и на отворено.
2. Поставете го садот за собирање
соодветно на цевката (сл. 27.А).
3. Извадете ја цевката (сл. 27.A) од местото
со филтерот за бензин (сл. 27.B).
4. Отворете го доводот за гориво
(ако е предвидено).
5. Соберете го горивото во соодветен сад.
6. Поврзете го цревото (сл. 27.A),
внимавајќи правилно да ја
поставите спојката (сл. 27.C).
7. Затворете го доводот за гориво
(ако е предвидено).
Кога треба одново да работите,
проверете да тече бензин од цревото,
отворот и од карбураторот.
7.3 КОНТРОЛА/ДОПОЛНУВАЊЕ
НА МАСЛОТО ЗА МОТОРОТ
ЗАБЕЛЕШКА Видот на
маслото за употреба е посочено
во упатството за моторот.
ВАЖНО Машината се доставува
без масло за моторот.
ВАЖНО Следете ги сите дадени
мерки на претпазливост коишто се
дадени во упатството за моторот.
7.3.1 Контрола / надополнување
Проверете го нивото на
масло пред секоја употреба.
• Контролирајте го нивото на маслото за
моторот: согласно прецизните својства
посочени во упатството за моторот,
маслото треба да се наоѓа меѓу обележјата
МИН и МАКС на отворот (сл.26).
Не преполнувајте бидејќи тоа
може да доведе до прегревање на
моторот. Ако нивото е над знакот
за "МАХ", испуштете масло додека
не го достигнете точното ниво.
7.3.2 Празнење
Моторното масло може да биде многу
врело ако се дојде во контакт со него
веднаш по застанување на моторот. Затоа,
оставете го моторот да се лади неколку
минути пред да го извадите маслото.
Заменувајте го моторното масло на периодите
коишто се посочени во упатството за моторот.
Постапете како што следи:
• Тип "I":
1. Поставете ја машината на
рамна површина.
2. Поставете го садот за собирање
соодветно на продолжната
цевка (сл. 28.А).
3. Држете ја цврсто продолжната цевка (сл.
28.А) и извадете го капачето (сл. 28.В).
4. Соберете го маслото во садот.
5. Ставете го капачето (сл. 28.В)
одржувајќи ја позицијата на
внатрешниот дихтунг (сл. 28.С).
6. Зашрафете го докрај цврсто држејќи
ја продолжната цевка (сл. 28.А).
7. Исчистете ако ви се пролеало од маслото.
• Тип "II":
1. Извадете го капачето за
дополнување (сл. 28.А).
2. Поставете ја цевката (сл. 28.В)
врз шприцот (сл. 28.С) и вметнете
ја докрај во отворот.
3. Со шприцот (сл. 28.C) извлечете го
маслото од моторот, имајќи предви дека
ако сакате да го испразните докрај, треба
да ја повторите постапката неколку пати.
• Тип "III":
1. Поставете ја машината на рамно.
2. Ставете соодветен сад под
продолжното црево (сл. 28.A);
3. Прицврстете ги завртките (сл. 28.B);
4. Ослободете го продолжното црево
од држачот со виткање надолу;
5. Навалете го продолжното црево и
испуштете го маслото во соодветен сад.
MK - 18