6.3 УПОТРЕБА НА ЗАКОСЕНИ ТЕРЕНИ
Почитувајте ги ограничувањата дадени во
табелата "Технички податоци" и на сликата
19 во однос на начинот на движење.
Имајте на ум дека нема "сигурен"
закосен терен. Движењето по терени
на падини бара особено внимание. За
да избегнете превртување или загуба
на контролата врз машината:
• Никогаш не косете обратно од правецот
на закосување на теренот. Закосените
тревници треба да се минуваат секогаш
во правец нагоре/надолу, но никогаш
попреку внимавајќи при тоа на менувањето
на правецот, тркалата да не удираат
на пречки (камења, гранки, корења
и сл.) со што може да се предизвика
странично лизгање, превртување или
загуба на контролата врз машината.
• Не застанувајте или поправајте набрзина
на нагорнина или надолнина,
• Активирајте го полека и внимателно
погонот за да избегнете
потскокнување на машината.
• Намалете ја брзината:
– пред менување на правецот на
движење и на остри свиоци
– пред да почнете да се искачувате на
закосен терен, особено во надолнина
• Никогаш не ставајте во рикверц за да ја
намалите брзината низ падината. Така може
да се предизвика загуба на контролата врз
машината, особено на лизгави терени.
• Секогаш активирајте ја сопирачката
за запирање пред да ја оставите
машината без надзор.
• Само кај модели со механички
пренос: Не преминувајте ги падините со
менувач во лер или со исклучен погон!
Секогаш активирајте ја најмалата брзина
пред да ја оставите машината без надзор.
• Само кај модели со хидростатички
пренос: Минувајте ги падините
без да притискате на педалот за
погонот за да може да се искористи
сопирачката на хидростатичкиот
пренос кога тој е ангажиран.
6.4 ПАЛЕЊЕ
1. Отворете го доводот за гориво
(сл. 20.A) (ако е предвидено).
2. Седнете на седиштето за управување.
3. Ставете го преносот во лер
(«N») (пасус 5.5; пасус 5.7).
4. Исклучете го уредот со
сечивото (пасус 5.8).
5. Активирајте ја сопирачката
за мирување (пасус 5.3).
6. Ставете ја командата за забрзувачот
во позицијата за максимален
режим "зајак" (пасус. 5.2).
7. При палење на студено: активирајте
ја командата за придушувачот
(пасус 5.2 / пасус 5.2.1)
8. Ставете го клучот, свртете го во
позицијата за движење за да го
активирате електричното коло и
потоа поставете го во позиција за
палење за да го запалите моторот.
9. Пуштете го клучот кога ќе
се запали моторот.
10. При палење на студено, не само
кај мотор што работи правилно:
10a.
Исклучете ја командата за
придушувачот (пасус 5.2, тип "II"),
ставајќи ја командата на забрзувачот во
позиција за максимален режим"зајак".
10b.
Исклучете ја командата за
придушувачот (пасус 5.2, тип "I").
ЗАБЕЛЕШКА Активирањето на
командата за придушувачот кога моторот е
топол може да ја замасти свеќичката и да
доведе до неправилна работа на моторот.
11. Со запален мотор, поставете
го забрзувачот во минимален
режим «желка».
ЗАБЕЛЕШКА Во случај на потешкотии
при палење, не инсистирајте многу долго
за да избегнете празнење на акумулаторот
и да не го презаситите моторот. Ставете
го пак клучот во позиција за застанување,
почекајте неколку секунди и повторете
ја постапка. Ако и понатаму нема успех,
проверете во поглавје «14» од ова
упатство и во упатството за моторот.
6.5
РАБОТА
6.5.1 Движење напред и транспорт
За време на пренос:
• исклучете го уредот со сечивото (пасус 5.8);
• поставете ја плочата за косење во
највисоката позиција (позиција «7»);
• поставете ја командата за забрзувачот во
средна позиција меѓу минималниот режим
«желка» и максималниот режим «зајак».
MK - 14