Descargar Imprimir esta página

Dremel 4200 Traducción De Las Instrucciones Originales página 104

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 21
ризикот од случајно вклучување на електричниот
алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и
не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во
алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот.
Електричните алати можат да бидат опасни во
рацете на корисници кои не се упатени.
e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете
дали спојните или подвижните делови се добро
подесени, дали деловите се во исправна состојба,
и сите други услови кои би можеле да влијаат
врз работата со електричниот алат. Ако алатот е
оштетен, дајте го на поправка пред повторната
употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо
одржуван електричен алат.
f. Алатот за сечеƏе одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со остри
рабови за сечење, помала е веројатноста тој да се
заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во склад со овие упатства, земајќи ги
во предвид работните услови и работата што треба
да се заврши. Употребата на електричниот алат
за работи за коишто тој не е предвиден, може да
предизвика опасни ситуации.
СЕРВИСИРАЊЕ
Ь. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користеƏе само на
идентични резервни делови. На овој начин ќе се
обезбеди одржување на сигурноста на електричниот
алат.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА
СО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИОТ
АЛАТ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
КОИ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ,
ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ,
РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
Ь. Овој електричен алат е наменет за употреба
при глодаƏе, брусеƏе, работеƏе со жичена
четка, полираƏе или сечеƏе. Прочитајте ги
сите безбедносни предупредуваƏа, упатства,
илустрации и спецификации кои се приложени
со овој алат. Доколку не се почитуваат сите
долунаведени упатства, може да дојде до електричен
шок, пожар и/или сериозни повреди.
b. Не користете прибор кој не е специјално
дизајниран и препорачан од страна на
производителот на алатот. Самото тоа што на
Вашиот алат може да се приклучи прибор не значи
дека е осигурено и безбедно работење.
c. Номиналната брзина на приборот за
брусеƏе мора да биде поголема или еднаква со
максималната брзина што е означена на алатот.
Приборот за брусење кој работи со брзина поголема
од неговата номинална брзина, може да се скрши и да
се разлети.
d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот
прибор мора да бидат во рамките на капацитетот
на Вашиот електричен алат. Приборот со погрешна
големина не може соодветно да се контролира.
e. Големината на вретеното на шајбната, на
добошите за брусеƏе или на кој и да е друг прибор
мора да се фаќа на вретеното или стезната глава
на електричниот алат. Приборот кој не одговара
на вретеното на електричниот алат ќе се врти
ексцентрично, додатно ќе вибрира и може да
предизвика губење на контролата.
f. Шајбните кои се монтираат на осовинката,
добошите за брусеƏе, секачите или другиот прибор
мора да бидат целосно вметнати во стезната
глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно
прицврстена и/или пак испустот на шајбната е
предолг, монтираната шајбна може да се олабави и
да испадне при висока брзина.
g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред
секоја употреба проверете дали на приборот, како
што е брусната плоча или брусната подлога, има
пукнатинки или ломови и дали се прекумерно
изабени, дали на жичената четка има лабави
или искршени жици. Ако електричниот алат
или приборот Ви паднале, проверете дали има
оштетуваƏа или монтирајте неоштетен прибор.
По прегледуваƏето и монтираƏето на приборот,
тргнете ја од себе и од останатите присутни
лица површината на ротациониот прибор и во
траеƏе од една минута вклучете го електричниот
алат да работи со максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот на
ова тестирање.
h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност
од уредот, користете заштита за лицето, заштита за
очите или заштитни очила. Ако е потребно, носете
маска против прашина, заштита за ушите, ракавици
и работна престилка која може да заштити од мали
честички или отпадоци од брусеƏе. Заштитата
за очи мора да штити од разлетаните честички кои
настануваат при различни операции. Маската за
прашина или респираторната маска мора да бидат
во можност да заштитат од разлетаните честички
кои настануваат при Вашето работење. Доколку
подолготрајно сте изложени на висока бучава, тоа
може да предизвика губење на слухот.
i. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат
на доволна оддалеченост од работниот простор.
Лицата што ќе останат во Вашиот работен простор
мора да носат опрема за лична заштита. Честички
од работниот предмет или од скршениот прибор
можат да летаат наоколу и да предизвикаат повреда
надвор од непосредниот работен простор.
j. Електричниот алат држете го само за изолираните
делови кога извршувате работи при кои алатот
за сечеƏе може да дојде во контакт со скриени
електрични водови или со сопствениот мрежен
кабел. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со
жица под напон, може да предизвика да изложените
метални делови од електричниот алат дојдат под
напон и да предизвикаат електричен шок за лицето
што ракува со алатот.
k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при
стартуваƏето. Реакцијата на вртежниот момент на
моторот, додека се забрзува до полна брзина, може
да предизвика алатката да се изврти.
l. Секогаш кога е можно, користете стегачки за да
го прицврстите обработуваното парче. Никогаш
не држете мало обработувано парче во едната
рака, а алатот во другата, додека е во употреба.
Ако го прицврстите малото обработувано парче,
тоа ќе Ви овозможи да ги користите рацете за да ја
контролирате алатката. Тркалезниот материјал,
како што се шипки со типли или цевки имаат
тенденција да се вртаат додека ги сечете, па може
да предизвикаат бургијата да се извитка или да
искокне кон Вас.
m. Кабелот држете го настрана од приборот кој се
ротира. Ако изгубите контрола, кабелот може да се
пресече или да се заплетка, а ротациониот прибор
може да Ви ја повлече дланката или раката.
104

Publicidad

loading